Одговара: отец Горан Тасески

 


Прашање од Лида: На кој начин се пресметува датата на Велигден, секоја година. Која е математичката формула?

Одговор:


 На првиот вселенски собор се утврдува со канон кака да се празнува Пасха,- Воскресението Христовово,   во кој се вели дека Пасхата треба да се празнува не заедно со јудејската пасха , но после неа , после пролетната рамнодневница /21март/, после полната месецина, и секогаш во недела.
Набрзо потоа имајќи  ги во предвид овие одредби направен е голем пасхален индиктион циклус од 532год  со пресметки за тоа која година кога ќе се падне пасха. Во пресметките се земени повеќе параметри  од астрономијата и математицки пресметки со кои се одредувал датумот за пасхата.
 За ова може поопширно да се види во книгата на прота М. Миленковиц Календар -Православна мисао 1968г.Основа за одредба е датимот 21 март по стар стил , па се гледа дали пона месечина  тогаш поминува ако е така тогаш  Пасха се празнува веднаш по рамнодневница, тоа е најраниот термин т.е. 22март ст.ст. како што беше годинава . Ако полна месечина само што поминала пред 21март, тогаш се чека наредната полна месечина па во неделата по неа ќе биде празнувана Пасха и тоа е најдоцниот период кога се празнува пасха односно во 25 април ст.ст.
Значи според тоа кога ќе биде полна месечина по 21 март ст.ст. ќе се празнува Пасха. Добро е да се знае и тоа дека 21март ст. ст. веќе не е реален датум кога е пролетна рамнодневница / која реално е на 21-22 март нов стил/, но тој датум се држи затоа што тој е датумот кој е потврден на Вселенскиот собор.
Римокатолиците го напуштаат ваквиот начин на одредуване на датумот на пасха многу одамна но со тоа тие прават канонски престап со тоа што по нивните пресметки Пасха понекогаш им се падја заедно со јудејската, што е кршење на канонска одредба на првиот вселенски собор.
Се радувам ако ви помогнав за да нешто разберете во врска со ова.
Простете ако во нешто не сум доволно јасен. 
Господ со вас , поздрав.