ПОСТОЈАНА ГАЛЕРИЈА НА ИКОНИ ВО С. МАЛОВИШТА


Црквата Света Петка во битолското село Маловишта  била изградена 1856 година на темели на старата црква,  кога селото броело близу 3000 жители.

Богатиот иконостас во Света Петка  изработен е во длабока резба во 1892 година, четриесетина години по изградбата на новата црква. На него стои потписот на  мајсторот  Димитар Резбар.


Во црквата до денес е сочувана збирка од стотина икони кои потекнуваат од 17 до 20 век и тоа е навистина една импозантна бројка. . Ги носеле луѓето како дарови во црквата, и претежно сите се сочувани. 


По повод 150 годишнината од изградбата на црквата Света Петка , на  26. о8. 2006 година  ќе биде поставена постојана изложба од зачуваните икони.

Галеријата свечено ќе ја отвори
 
г-
дин Бранко Црвенковски
Претседател на Република Македонија.


Посети: {moshits}