логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

3.angeli.so.truba

Дарко беше дете од кое сите се плашеа, бидејќи со момчињата постојано влегуваше во кавги и тепачки, а девојчињата ги провоцираше и навредуваше. Ниедно од децата не се дружеше со него. Единствено малата Кате се обидуваше да го вразуми немиркото. Де го честеше со слатки, де му даваше по некоја книга да прочита… Дарко слатките ги земаше без и да се заблагодари, а на нејзиниот предлог да прочита некој добар расказ ѝ се изнасмеа во лице. Но доброто девојче не губеше надеж и не престануваше да го советува:

    – Даре, зошто се правиш толку лош? Знам дека не си таков!

Момчето само се муртеше и ништо не одговараше. Еднаш Кате го повика да ја види нејзината градина што си ја направи зад куќата. Дарко малку се помисли, но потоа се согласи:

    – Арно, покажи ми да видам со какви детски глупости се занимаваш!

Кате не се навреди од тие зборови, туку кротко му возврати:

    – Не се тоа никакви глупости. Најдов дома некакви стари семиња и сите ги насадив во мојата градина. Сега чекам да никнат најпрекрасни цвеќиња!

Кога се доближија до малечката со камења оградена градинка, Дарко гласно се насмеа.

    – Овде!? Овде ништо нема да ти никне! Па дури не си го ни ископала како што треба!
    – Мислиш дека нема да ми никне ниту едно цветче? – се натажи девојчето.
    – Не, ниту едно – зајадливо одговори Дарко и си појде дома, веќе му беше здосадено да разговара со неа.

3.angeli.so.truba

Но следниот ден малата Кате не излезе во дворот да си игра. Исто се случи и денот после тоа. Зачуден, Дарко собра храброст да ја праша мајка си што се случува со девојчето. Испадна дека Кате добила ангина. И лежеше таа, кутрата, со висока температура, ѝ беше тешко дури и да зборува. На Дарко му стана навистина жал за ова добродушно девојче кое кај сите гледаше само добро. Ете, дури и од него не се плашеше. Затоа што искрено веруваше во доброто. И посака тој да направи нешто добро за неа. Но што? За ништо не го биваше освен да се кара со децата и да навредува. Лут на себе тој појде до малата градина на Кате. Земјата беше сосема сува. Ништо овде не можеше да никне, а Кате толку многу сакаше да види барем еден цвет… Момчето немоќно ја гризеше својата усна, не знаејќи како да ја израдува својата добра сосетка. И тогаш една мала солза се лизна по неговиот образ и падна на сувата земја. За миг блесна во воздухот и од тоа место каде што падна солзата, никна еден необичен убав цвет! Снежно бел… а каков само мирис се ширеше од него – од убав поубав. Заборавајќи се од среќа, момчето потрча кај болната Кате за да и раскаже за ова. Девојчето подигајќи се на перницата со восхит го слушаше неговото раскажување.

    – Каков е тој чудесен цвет?

Дарко без сомнеж одговори:

    – Тоа е цвет на добрината.

Девојчето се збуни:

    – Ама јас немав такви семиња…
    – Имаше – возврати момчето – само не ги посеа во земја, туку во моето срце.
    – Колку сакам што поскоро да оздравам за да ја видам таа убавина!

По неколку дена кога Кате заздравеа и слезе во дворот, таа со нетрпение појде кон својата малечка градина. Околу чудесниот цвет некој имаше посадено украсни грмушки и мали дрвца. Сега тоа не беше веќе гола земја, туку цел парк!

    – Ама кој работел тука? – се восхити девојчето.
    – Ми помогнаа сите деца во нашата улица – важно одврати Дарко.
    – Ти, значи, се дружеше со нив? – не можеше таа да им поверува на своите уши. Дарко се замисли, а потоа поцрвенеа во лицето и одговори:
    – Па што? Да се кара и тепа може секој, но да бидеш вистински другар… тоа е вистинското! Мислиш дека ќе успеам?

Кате одговори без размислување:

    – Не се ни сомневам.

 

https://bigorski.org.mk/detsko-katche/chudoto-na-edna-solza/

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1027
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 991
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Ретроспектива (2005-2020): „Митрополит Струмички Наум - Го сведочиме ли Крстот Христов или само својот крст? (6)

Ретроспектива (2005-2020): „Митрополит Струмички Наум - Го сведочиме ли Крстот Христов или само својот крст? (6)

 Сите имаме свој крст, но прашањето е: дали нашето страдање Бог го прима како учество во Крстот Христов или тоа е само обично, очајно и бесмислено човечко страдање? Односно, дали...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

...По тоа ќе не познаат,по тоа ќе ни мерат...Ако нашите дела и нашите постапки бидат во согласност со Божјите зборови. Лесно е да се каже,тешко е да се спроведе.Еден најобичен...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Како духовник сум сведок колку многу бракови се распаѓаат, и тоа христијански бракови, на воцрковени сопружници. Христијанскиот брак, а со него и сето општество, се наоѓаат во застрашувачка ерозија и...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Ни покажа и нѐ поучи и како духовно да пораснеме и да ја достигнеме оваа Божествена љубов. Нѐ поучи дека, покрај лоши дела и зборови, срцето треба да го очистиме...

« »