МИКРОБИОЛОГИЈА– ПРИЧЕСТУВАЊЕ СО ИСТА ЛАЖИЦА
„Со страв Божји, вера и љубов пристапете!“ – возгласува свештеникот или ѓаконот, изнесувајќи го од олтарот на амвонот Путирот со Светите Дарови.Православните верници се причестуваат. И некој задолжително ќе се обиде да ја прими честицата од Телото Христово, натопена со Христовата Крв, само со забите, обидувајќи се да не се допре со усните до лажичката. Секој свештеник се соочува со оваа појава на гадење. Луѓето се плашат од зараза и вируси.Причестувањето на сите со една Лажица од еден Путир (Чаша) е древна практика на Православната Црква.