Одговара: отец Горан Тасески
Човекот Бог го создаде како слободно разумно битие кое донесува одлуки со својата слободна волја , но и ги сноси последиците од својот избор, значи има одговорност и дава отчет за секоја постапка во неговиот живот. Човекот кој се оддалечил од Бога заради својата наклонетост кон светската суета заличува на мало дете ..
Одговара: отец Горан Тасески
.. Вистинската среќа е да се сретнеме со Бога , а тоа ќе го направиме преку познатите искуства на светата православна практика, која се темели на Евангелието и искуствата на светите оци - пост , за да се очистиме од страстите и да го разбистриме умот кој е окупиран
од суетата на овој свет, -покајание за да ги симнеме гревовите наши кои не држат во мрак и непрепознавање на доброто и злото, ..
Прашање од Е.: Дали пушењето цигари, е грев или грешна постапка или погрешно? Една пријарелка ми рече дека така му кадиме на нечестивиот?
Одговор: Да , пушењето цигари е порок , секако дека треба да се бориме со тој порок како и со мнору други кои го валкаат човековото битие...
Прашање од Гоца: Дали нашата вера и воедно црквата може да помогне и дали има молитви или било што за оние кои немаат спокој во душата, мир, за нервозата а воедно и за стравовите т.е. фобиите?
Одговор:Секако дека има. Нашата цел во духовниот живот е токму стекнувањето на мирот и радоста во Светиот Дух...