Прашање од Ана:

Пред да го поставам моето прашање, да ви кажам дека оваа страница на интернет е една од најдобро дизајнираните со духовна содржина, сеопфатна е и навистина човек може добро да се информира а и многу да научи. Многу, многу е добра.
Она што ме интересира е следно: Каде може да дадам облека, обувки, тетратки, дури и на пример дигитрон (имам два:), кои не ги користам повеќе?

Само чувам, собирам, сакам а незнам каде можам да ги дадам. Однапред благодарам на одговорот!


kalista.panorama.jpg

Одговор: Редакија на Преминпортал

 

Драга Ана, Ви благодариме што не следите, и се надеваме дека и во иднина ќе го имаме Вашето внимание.

Го објавуваме Вашето прашање, се со цел  заеднички да ги продискутираме опциите за донирање на облека, школски прибор, технички помагала и др. . Во нашата Влада- постои ресорно министерство, во државата- постојат  и хуманитарни здруженија, а и во рамките на црквата функционираат хуманитарни огранизации. Ветеран на тоа поле е Ѓаконија, под долгогодишно раководство на Владиката Повардарски г. Агатангел, во Скопје (Св. Петка, Св. Петар и Павле), во Велес, потоа хуманитарна организација во Преспанско- пелагониската епархија, а во рамките на МПЦ-МИЛОСРДИЕ , одберете некоја од посочените, а има и доста други зруженија.

 Можеби има  заинтересирани, да ја организираат и  искординираат акцијата  да собирање на облека и други помагала?

Го поставуваме предлогот на дискусија! 

 

 

Одговара: П.П:

Прашање од В...

Гледајќи како се живее денес,  доагам до заклучок дека лугето повеке се тргнати кон исцелители , бајачи , гледачи и се што е надвор од христијанството , а сепак сите се нарекуваат христијани, не е мое да судам него прашањето ми е како човек да се заштити од оние магиски влијанија кои ги им , кои лугето ги прават да наштетат еден на друг одејќи по овие гледачи , магоничари оџи и кој знае уште по што само да му наштетат на некој, тоа ми е познато слушајчи од пријатели , дали има во христијанството некаков лек против тоа , како што читав за старец Јосиф Ватопедски во вашето списание, поздрав

Одговара: П.П.

Прашање од Весна


Дали може да го осветиме домот на нашата слава на Мала Богородица, и вистина ли е дека, не требало да се спие ноќта спроти осветувањето, ако е така, зошто не се спие? Треба ли да се пости една недела пред осветувањето?

Одговара: П.П.


Прашање од : Т.

Ме интерсира дали парастос(3години од починувањето)може да се прави во Недела. Знам дека најсоодветен ден за помени на починати како и
посета на гробишта е Сабота но ние неможеме во Сабота.Колку време порано може да се направи парастосот?

Одговор:


Парастос не би требало да се прави во недела. Ако не можете во сабота, нека биде некој друг ден, неколку дена порано или покасно, не е важно.

Одговара П.П.

Прашање од Е..
Поздрав до сите, имам едно прашање.

Ми се најавија гости од Република Хрватска кои сакаат да го посетат манастирот Св.Преобразение во Крушево...е сега тоа што ме интересира мене а воедно нив е  дали треба некако претходно да се припремат за Литургијата,која ќе се одрзи таму....дали треба да научат некоја молитва која ќе се изговара или нешто слично.....ве молам да ми пишете за се што мислите дека ќе биде потребно.

Одговор:

Почитувана Ели,
Ако гостите од Хрватска се католици по вероисповед, тогаш најмногу  што е дозволено е да присуствуваат на Литургијата без да земаат активно учество во неа,што знаци дека не можат да се причестат со Светите Тајни, ниту пак треба да читаат молитви со останатите.

Одговара: П.П.


Прашање од Весна:



 Сум слуснала дека кога оди во црква жена треба да носи шамија, но дали тоа важи и за девојка немажена и дали важи и за мало девојче ?

Однапред Ви благодарам.

Одговор:

Почитувана Весна,

Добро е жени и девојки да носат шамии во црква, особено кога се причестуваат. За мали девојчиња не е потребно.

Одговара: П.П.


Прашање од  С.А.:

Однапред се извинувам бидејци моето прасханје е сигурно помалку од верата а повеце од суеверието. Помогнете ми да ги разјасниме моите и мислењата на полно мои блиски. Во десетте Божји заповеди се кажува дека 6 дена треба да се работи и да се свршат сите обврски а седмиот да се одмори и да се посвети на Бога.Нас не интересираат деновите кога се паѓаат празниците дали е дозволено да се работи (да се шие, пере, чисти) каков е ставот на нашата вера во врска со оваа прашање.
Напомена:
Имам видено свештеник во недела како работи околу сопствената куќа и јас лично не го осудувам бидејќи мислам дека тоа не е грев.
Поздрав---

Одговара :П.П.

Прашање од : Билјана Јанкуловска

: Кој превод на Библијата на македонски јазик е најверодостоен и најточен?


Прашање: Навистина не ми е јасно која Библија на македонски јазик да ја прочитам.Зедов да читам Библија од 1999 година со превод од Др. Душан Х.Константинов,а мојата пријателка ми вели -остави ја, таа е евангелистичка библија.Зедов друга со превод од 2002 година, а таа ми вели - и оваа не е за тебе !!! Оваа Библија е на јеховините сведоци.Мене сега да бидам искрена ништо не ми е јасно, па затоа Ве прашувам.Зар Библија не е Библија? и зар содржината во другите Библии е различна.Ве молам одговорете ми КОЈА БИБЛИЈА (СВЕТО ПИСМО) СО ПРЕВОД НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК Е НАЈРЕЛЕВАНТНА И ПРИЗНАТА ОД МПЦ, И КАДЕ ДА ЈА КУПАМ?

Однапред благодарна за помошта

 

Одговара:П.П.

Прашање од Т.:
 Би сакала да знам, како треба да ги поминуваме неделите...тоа е ден за Господ, но, не разбирам, што ни е дозволено дома, или, воопшто што можеме а што неможеме? Можам ли да одам на излет на пример? Или, ете, не стигнав преку неделата да исчистам, па викендот ми е единствено слободно време.
Благодарам

Одговара: П.П.

Прашање од  Тања:

Јас во црквата сум од скоро, некои 7-8месеци. Што да направам кога доброто и убаво чувство што го имам за верата, или, кога се наоѓам во храмот ме напусти? Значи, иако знам дека сигурно не сум во право што така се чувствувам, сепак тоа понекогаш се јавува. Некаква одбивност што ме мачи.Како да го оттргнам тоа од главата во тие моменти?

Одговара : П.П.
Прашање  од Н:
 Мојот маж е верник ама неможе  никако да се одвикне  од алкохолот, кажете ми ве молам како да му помогнам?

Одговара: П.П.


Прашање од Бошко:


 Со сета почит кон вас сакам да поставам неколку прашања кој би ми омогнале.Можеби ке биде опширно но сум премногу збунет.Јас сум православен ристијанин по вера.Имам безброј прашања за верата и животот,и можеби е звучам збунувачки кон вас но јас се чуствувам многу сплашен,збунет,изгубен..обидувам да одам во црква колку можам повеќе за да се помолам Бог да ми даде зрајве,срека,мир.Дома на влезот во ходникот имам Крст со Бог Исус Христос и на секое излегување од ома се молам Господ да ме чува мене и мојте најблиски со моја молитва со ој зборови и го бакнувам(дали е тоа погрешно?).Ги прочитав повеќето прашања  гледам дека на повеќето верници им викате да одат кај духовен отец(кај ожам да отидам да поразговарам да ми помогне да се смирам)?.Она што мене ме
плаши е тоа што сум премногу нервозен,без причини сум нервозен,збунет не можам да седнам да учам факултетот стагнирам,се чуствувам несреќен а фала му а Бога се е во ред,и љубовт и семејство,а реагирам на се нервозно а сакам и молам да сум смирен.исплашен сум за моето здравје,се лашам дека нешто ке ми се случи,дека имам болест некоја и мн мн работи кој е притискаат и не ми даваат мир.Верувам во Бог и добро е што го најдов овој ортал за да ми помогнете како да бидам поблиску до црквата која е дом Божји  со тоа ке го најдам и мојот мир.Некогаш се чуствувам така да ко да осеќам ека нешто ке ми се случи и ме притиска,осеќам како да сум баксуз доколку ажам нешто ке погрешам или доколку кажам дека е ок ке се сврти,и се тоа ме бунува се чуствувам ко мис ите да ми бегаат,ми се мешаат како да се губам,главата често ме оли..Можеби не пишав се сто имав за прашања,мислам дека е доволно заочеток.

Можеби нешто погрешно сум пишал но тоа е што сум збунет..Сета почит уште еднаш за странава и порталот,ми влева надеж дека ке добиам многу одговори.

Поздрав до следното прашање

Со сета почит
   Бошко

Одговара: П.П.


Прашање од Мирјана
 Зошто секогаш кога одам во црква чувствувам главоболка, како притисок во телото и се прозевам а не сум сонлива. а кога ќе излезам од
црквата тоа поминува.

 

Одговор:

Почитувана Мирјана,
Тоа се некои вообичаени “искушениа”, обид на лукавиот да ни го одвлече вниманието од молитвата. Во тие моменти треба да вложиме повеќе напор да го сочуваме нашето внимание во зборовите на молитвата, а Господ кога ќе го види начиот труд ќе ни помогне со Неговата благодат.

Одговара: П.П.


Прашање од Зоран:

Како мирјанин ме интересира ,науката која ги испитува другите планети и нивниот состав и својства ,во последниот период најмногу не информираат за планетата марс и гарантираат дека за 20години ке направат хотел на таа планета од кој веќе некои богаташи го платиле своето патување,па дали науката се спрема за нов дом на човешанството знаејќи дека планетата земја ја исцрпија и потрошија ,дали тоа значи дека е блиску крајот,и дали е случајно тоа што ако ја читаме од назад на напред на македонски би била срам,простете ако грешам такви мисли ми поминуваат и ме збунуваат.

Одговара: П.П:


Парашање од Горјан Т.:

Дали во Македонија постојат манастири каде се лекуваат зависниците од дрога и со кого може да се стапи во контакт?

Одговара: П.П.


 Прашање од Кате: Здраво, Да Ве пофалам за вашата веб страна која дава добри информации. Сакам да ве замолам за услуга или информација:Каде би можела да ја најдам иконата на св. Злата Мегленска, до колку ја имате би сакала да ја добијам.


Однапред благодарам
Кате

Одговара: П.П.


Прашање од  Тања:

Прочитав дека молитвите што се однесуваат на бракот треба да ги упатуваме кон Св. Јоаким и Св. Ана. Постои ли посебна молитва кон нив? Ако постои како да ја најдам, а ако не, која да ја казувам? Би се молела за родителите, а не за мене. Големо благодарам



 

 Одговара: П.П.


Прашање од Златко Тодоров:

Прашање: Ме интересира зошто МПЦ молчи и не ми одговара на моето поставено прашање, во врска Велигден во црквата во нас. Аеродром. Атмосвера како што човек само може да посака. Полн двор луѓе, во исчекување на тој боженствен момент, Христовото Воскресение. Јас со жена ми и помалиот син исто така  бевме во големото исчекување. На син ми му кажував дека три дена камбаните не бијат а на полноќ сите се весели и радосни дека повторно камбаните бијат радосно да ја објават таа голема вест дека Божјиот син воскреснал. Но гледај чудо. Во оваа црква нема ни поп ни камбани не бијат. Веднаш ме демантираа јас тоа што на мојот син му го кажав. А гледај уште едно чудо. Пари за свтеци се собираат и луѓе на ред чекаат. А дома кога дојдов видов преку 20 свештени лица како во централниот храм како парадираат. Се работеше само за едно свешстено лице кое требаше да пее и да објави за Христовото воскресение.
Моето прашање беше дали нашата црква на ваков начин мисли да ја шири верата. Значи ли тоа дека таа е само комерцијална.
Барем Вие удостојтеме со одговор, било каков само да можам на син ми да му објаснам зашто дедо Господ таа вечер нас не заобиколи.

Ви благодарам

Одговара:П.П.


Прашање од Јана:

 Дали е во ред да се спомнува Господ, да се зборува за Него, да се фали Господ во меѓусебен разговор или тоа треба да е тајно?