Прашање од Анастасија:

 Во една многу сложена состојба како да најдам мир, како да се молам за човек што прави лоши работи за своето семејство...?

Одговор:

Секој човек, колку и да е лош, злобен и немилостив, сепак е Божјо дете, кое заборавило на својот Добротвор. Свети Серафим Саровски на секого што ќе го сретнел му се обраќал со : радосте моја! И постојано се радувал на тие посети, зашто во секого го гледал Христос, и светлината што Тој му ја дал на човекот од Неговото Преображение. Па дури и крадците кога дошле и го претепале, што одвај жив останал и боледувал неколку месеци, не го растажиле. Знаеме дека не сме св. Серафим, или старец Силуан кој е нов богослов за љубовта кон непријателите, но барем можеме да се потрудиме реално да ги согледаме работите, а тоа е дека секој човек е Божјо создание, Божји син  кој сам по себе не е лош, и токму неговото преображение зависи колку од него, толку и од нас како Црква... Мирот наш го немаме на друго место освен во Бога, па така, откако ќе се заплачеме некогаш како деца кај својо родител и му ги кажеме маките Нему, благодарејќи Му, Тој ќе си даде благодат да го исполниме и другото. А молитвата секако ќе не промени сите. Бог да е со сите нас.

 п.п/з.д

 

 

 



Прашање од Д.:

Во странство сум со никој од моите најблиски,тука е жена ми со нејзината фамилија кои секојдневно ме притискаат за секакви материјални работи, мора нивната ќерка да има се зошто заслужува најдобро, јас сум само инструмент кој треба да овозможи се за неа. Се обидував разумно да објаснам дека никој не треба да ни се меша и да ја сили но секогаш погрешно сум сватен,а дома срам ми е да кажам шо ми се случува,  ние сме христијанска фамилија во која разводот е срам, немам решение за ова безумие, ве молам помогнете...

 

4vek1.jpg

Одговор:

Навистина е тешко, и потполно ја разбираме твојата тежина. Разводот, не е толку срам колку што е жалост и болка како за Бога така и за себеси. Зашто, пред се нам и не ни е важно мислењето на другите кое само би ја хранело нашата суета... Сакајте ја вашата сопруга и трудете се околу вашето семејство. Ако гледате дека нема плод од расправиите со нејзините и не можат да ве разберат, не се расправајте. Гледајте да ги избегнувате конфликтите со нив и навидум задоволувајте ги, а крстот и одговорностите кон вашто семејство исполнувајте ги како што е најдобро. Има еден пример, каде што некоја жена, христијанка имала сопруг кој не само што не  бил верник туку и неа не ја оставал да биде тоа што е. И и таа поминувала низ истото... Кога отишла кај нејзиниот старец и му раскажала се, тој и рекол секој ден да чита акатист за здравје на неговата душа... И навистина сопругот потполно се променил. Значи целта ни е да кажеме  колку молитвата помага и дека тоа е најдобриот и единствен начин за да постигнеме се благо и богоугодно во животот. Можеби во денешниве услови немаме време и можности да читаме цел акатист, но барем во личните молитви не смееме да не ги споменеме и оние кои не сакаат и оние кои не мразат и ни прават проблеми... Ако имате можност дадете ливче со името на вашата сопруга и вашите блиски да се споменат за здравје на проскомидија, и молете се... Пресвета Богородица, која е омекнување на сите срца, да ни помогне на сите заедно да ги носиме нашите слабости, заради љубовта на Господ Исус Христос. Амин... Бог да ви помогне.

п.п//з.д.

 

 


Прашање од Билјана:

 Дали не е грев во име на заеднички мир да се одбегнува личност од кругот на роднините, која со своето однесување е”тежок”крст за носење, многу агресивна и покрај тоа што многу пати и е простено-не се менува? Знам дека му е потребна помош, но многу пати моето семејство било жртва на неконтролираните нервни испади. Ве молам, знам дека ова не е доволно за да се добие вистинска слика, но барем напишете нешто во врска со ова.

Одговор:

„Сакајте се помеѓу себе и по тоа ќе ве познаат дека сте мои ученици...“  Голема е разликата, но мала е границата на одбегнувањето од љубов и егоизмот, но во секој случај доколку е некоја личност проблематична, некогаш мора да се одвоиме од неа. И самото тоа одбегнување доколку е пропратено со молитва за неа, и љубов кон неа, во никој случај не е грев. Некогаш тоа е единствениот начин за да се помогне. Но контактите во срцето, молитвата за нив, никогаш не смее да престане. Љубовта боли, но тоа е единствениот пат кој ни го оставил Спасителот, Кој Самиот го изодел. Старец Силуан вели: Доколку во рајот видиме некого што воопшто не сме очекувале да го видиме или кого не сме го сакале што би почувствувале? Срцето би оладило како железо... Но, на Бог не му треба железо во рајот. Да го наблјудуваме срцето и да се молиме. И Бог ќе ги промени работите на подобро. И нормално, да ги избегнуваме проблемите.

п.п/з.д.


Прашање од Аце:

Зошто на денот Голема Богородица,  на Матка се слави и се пее,  а на тој ден знаеме дека е упокоена Мајката Божја?

Bogorodica.Uspenie1a.jpg

Одговор:

Затоа што за жал народот сеуште не ни е воцрковен и сеуште гледа на манастирските и црковните  прослави како на места кои служат за збирање на народот и веселби според нивните критериуми - а тоа секако е далеку од суштината на празникот. Но, тоа е. Не смееме да ги осудуваме туку - така зашто и ние имаме вина за нивната невоцрковеност, и да се трудиме пополека да се исправиме и ние а потоа и ним да им укажеме на значењето и убавината на празникот, кој нема ништо заедничко со практикувањето на општоаровдните весеби. А тоа не е случај кој го има само на Матка, туку и на многу други места, и треба со расудување да се искоренува.

 п.п./з.д.

 


Прашање од Даниела:

Почитувани, имам многу прашање зошто ја осознавам дури сега верата во Бога и повторно не сум сигурна дека го правам тоа вистинското, односно за себе мислев дека сум верник и ја практикував верата по чувство но од неодамна почнав да ја читам Голем е Бог од старец Клеопа и сватив колку сум грешела и посакав да се исповедам но се плашам дека само свесноста за гревовите и покајувањето за нив не се доволни за да пристапам кон исповед зошто сум неука за верата односно незнзнам  од каде да почнам , а во исто време нешто ме блокира и чуствувам срам ,страв или незнам што е  и неможам да отидам на исповед  ве молам посоветувајтеме и покажете ни како да продолжам и помолете се за мене да успеам да го најдам вистинскиот пат до Бога .

Однапред Благодарам

 

отец Григориј Јакимов

Одговор:

Фала Му на Бога што се јавило покајание. Тоа е првото скалило кое најздраво ќе не води низ духовниот живот но за кое мора да се држиме. Срамот и стравот кои се јавуваат пред исповедта се нормални чувства кои се јавуваат кај секој од нас, но доколку се погледне на исповедта онака како што треба, а тоа е дека ние ги признаваме и исповедаме нашите гревови директно пред Бога, Кој веќе ги знае, и само чека ние да ја покажеме нашата љубов кон Него и да ги признаеме пред смртен човек како нас, т, е, да се смириме. Затоа е потребнмо да се најде искусен духовник пред кого ќе можеме да се отвориме себеси колку толку, кого ќе го сакаме, а за другото ќе покрие Господ.

Молете се Бог да ви го открие и барајте го без избрзување. По молитвите на Пресвета Богородица Бог да ве помилува и спаси...


 Прашање од Виолета М.

 Пред неколку дена бев нмогу болна,имав темперетура голема. Ме однесоа во амбуланта и ни ја згресија инекцијата.Кога излегов надвир се онесвсетив,па ме однесоа во болница.Цуствувсв дека ке умрам телото не го цуствував,во моментот цуствував дека сака Господ да ме земе,со последниот здив го молев Господ да ми помогне да останам овде.Поцуствував дека бев измегу ни на земја ни на небо.Како Господ да ми дал санса да останам овде.Мислам малку се изменив некако ги свскам по друго работите сега.Јас сум копаницар ги сакам иконите,работев малку во црква и тогас видов дека има несто Господово.Сиромасна сум некако се снаогам.САМО ВЕРБА ВО ГОСПОД.Ве молам писете ми за оваа слуцка,некој коментар.Поздрав.

За доаѓањето на Божјата благодат...

Одговор:


Фала Му на Бога што ти ја пружил Својата нежна рака тогаш кога ти бил потребен... И да, Тој секогаш знае кога е најдобро време за нашата пасха (премин - од овој век во другиот), а ние да се трудиме да бидеме спремни за тој ден и да не се плашиме туку да викаме и ние како св. Јован Богослов: Да, дојди Господи Исусе!

 

 

п.п/з.д.

 


Прашање од Ивица Цветковски

 Дали дозволувањето некој да не искористува се смета за грев?

Го имам овој проблем одамна, никогаш не сум имал храброст во очи да им кажам на оние што претеруваат во барањето услуги од мене. На крајот дури и ми се потсмеваат и со некоја иронија ми говорат: „Ајде уште ова заврши го и не ти барам ништо. Ајде знам дека можеш ти, вреден и добар дечко си.” Имено во мене се собира гнев поради таа ситуација, и единствената помисла со која се тешам и смирувам е: „Ако, има Господ, ќе ги казни”
Можам да заклучам дека обостран грев има тука, и од моја и од нивна страна, и дека доколку не би го допуштил сето тоа нема ни во мене гнев да има, ниту тие пак ќе ме искористуваат. Дали сум во право?



Evpra.Vecerna.jpg


Одговор:


Најпривин треба да сме свесни дека страдањето ни е единствен пат кон спасението. Меѓутоа не смееме да си допуштаме да земаме подвизи над нашите сили. Доколку кај нас се јавува гнев, значи сеуште не сме подготвени за тој крст, барем не додека нашето срце не се смири. Но никогаш не смееме ниту сожалувајќи се себеси да си дозволиме да се  извлекуваме од нашите должности или можности да помогнеме. Пред се да се молиме на Господ да ни даде сила да успееме и закрепниме во доброто и да бидеме послушни на духовниот отец. И тоа ќе ни го врати мирот. А за другото, да се молиме едни за други. Тоа најмногу ќе ни помогне.

П.П/З.Д.

 

Прашање од Савче

Прашање: Кога одам на Литургија често пати вниманието ми се одвлекува, се нервирам кога луѓето зборуваат место да слушаат и почнувам да судам: како можат вака и ред други работи. Се покајувам кога ќе ми текне што правам. Дали во тие моменти сум достојна да останам во Храмот и како да ги одбегнам овие напади?

Прашање од Боби:

 

И по тоа што го прочитав во болестите на волјата и опседнатоста, јас сум опседнат човек .  но мислам не по моја вина бидејќи (го сакам Бог од кога знам за мене и Му се восхитувам но не сум знаел ништо за Него) бидејќи  така сакале тие околу мене. Јас за сите мислев и правев и се трудам да помогнам и ми е жал за секого кога му е тешко и гледав да му помогнам колку можам, а сега гледам оти за мене никој ништо, и уживаат во мојот пад бидејќи сум и пречел со тоа сто сум знаел, што сум помагал, што сум бил, барем така осеќам, а во меѓувреме за мене ништо само сум ги трупал гревовите за да се покажам и сум си ја јакнел гордоста која сега течко ја смирувам и сите ми пречат.
Сега трпам многу и стреќен сум за тоа зошто Бог ми ги отвори очите,  но дали ќе ми прости и дали ќе се изборам и како против тие зли духови,  по тоа колку сум лут и горделив, мислам оти владеат со мене.

 Pimen.Jan.jpg     Krstevka.Veles.jpg   Krstevka.Veles.jpg


 

Прашање од Стојановски Дејан:
Зосто во МПЦ светата тајна Крштевка се извршува без потопување во вода . Тоа се прави со полевање како кај католиците.

Спрема каноните ако сум неправилно крстен треба да го направам тоа повторно.Но дали вреди кога знам дека истата грешка ке се направи повторно.Знаам бидеќи секојдневно така крштеваат свештениците. За ова прашање има голем револт кај верниците кој се упатени во тоа.Дали треба да одам во Грција во Козани (Егејска Македонија )да се крстам правилно ?

 


 

Прашање од Агеле:

Одамна сакав да ви кажам дека сум многу радосен за тоа дека сепак постојат луѓе како вас кои се борат за вистинските вредности во животот и да ви се заблагодарам за целата оваа активност што ја правите затоа што барем мене многу ми помогнавте. Би сакал да ве прашам несто во врска со постот. Прочитав дека од светата православна црква е одреден постот да биде без масло цела недела освен во саботите и неделите. Јас почнав да постам без масло но не успеав до крај бидејќи околностите скоро и да не ми го дозволуваа тоа. Знам дека ова не би бил некој изговор за мојата непослушност но дали јадењето што вклучува масло од растително потекло е погресно и дали со таков пост би можел да се причестам? И ве молам ако можете да ми кажете и нешто повеќе околу тоа каде, како и кога можат да се исповедаат гревовите? Дали е тоа по Велигденските пости или?

Благодарам и Господ да е со вас.

Прашање од Бора:
Пред триипол месеци почина мајка ми. Не живеам во местото каде е погребана и неможам постојано да одам на нејзиниот гроб,и покрај тоа што кога би била во близина секој ден би одела барем до годината. Дали има некој начин да јас одовде нешто направам,  исто како да сум таму , освен палење свеќа? Благодарам.

 Прашање од Калекас:

Почитувани,
Би сакал да добијам појаснување околу судирот на традицијата и оригиналноста во Православието? Ве слушам често кога говорите за најразличните аспекти од православното живеење и колку традицијата е испреплетена во нашиот секојдневен живот. Во очи на големиот христијански празник Божиќ, нашиот народ (особено во северот на земјава)изведува низа традиции, обичаи или ако сакате ритуали, за кои Црквата се изјаснува дека се \"пагански\", и дека треба да ги отфрлиме (алудирам на Бадниковата вечер, огновите итн.), а на истите тие вечери видливо е присуството на локалните свештеници на кои очигледно не им пречи \"паганското\", и даваат благослов.
1. ДАЛИ СО САМОТО ПРИСУСТВО НА ЦРКОВНИТЕ ЛИЦА СЕ ДАВА ЛЕГИТИМИТЕТ НА ВАКВИТЕ НАСТАНИ?

2. ЗОШТО АКО Е ТАКА КАКО ШТО ВЕЛИТЕ, НЕ ГИ БОЈКОТИРАТЕ ВАКВИТЕ ПАГАНСКИ ОБИЧАИ И РЕАГИРАТЕ МАЛКУ ПО РАДИКАЛНО (со неприсуство и поголемо информирање на јавноста од ваша страна)?

3. ПА НЕЛИ И ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ХРИСТИЈАНСТВО ПОЧИВА ВРЗ ТЕМЕЛИТЕ НА ПАГАНСТВОТО, ПА НОРМАЛНО Е ДА АКУМУЛИРА И ГОЛЕМ ДЕЛ ОД НЕГОВИТЕ ОСНОВИ????

4. ДАЛИ ТРЕБА ОВОЈ БАДНИК ДА ГО ПОМИНАМ ВО МААЛО СО СВОИТЕ ПРИЈАТЕЛИ И КОМШИИ (ако постам не треба да јадам риба, пијам ракија итн.),ИЛИ МОЖАМ ДА ПРИСУСТВУВАМ КАКО \"ГОСТИН\" (која би била мојата улога во тој случај?)?

Се повикувам на изјавите на Отец Игор Калпаковски и Отец Јован Таковски, неодамна дадени на Националната Телевизија (МТВ)како гости.

Се извинувам што бев толку експлицитен и подолг. Ќе ве замолам за еден коментар.