Одговори на Вашите прашања
      

Одговара: отец Горан Тасески

Прашање: од Д...


 Каде оди душата по смртта? Нели на судниот ден Исус  Христос ги одделува грешните од праведните и потоа им се суди.Некому за живот вечен некому за смрт.А до тогаш каде е ?

Одговор:  

Господ секое добро да ви дари. Кога човекот се упокои неговото тело се распаѓа и останува во земјата во гробот до општото воскресение  до Судниот ден. Душата пак оди пред Престолот Божји и се врши таканаречениот посебен суд  каде се испитуваат сите наши постапки, мисли, дела, покајание, верата во Господа Исуса Христа... Молитвите на Црквата Божја на Пресветата Богородица и на светиите притекнуваат кон Божјата милост  а од друга страна пак стојат демонските обвинувања за сите наши зли дела мисли неверие .. Потоа следи Божјата одлука каде ќе оди душата на упокоениот во Царството Небесно - Рајот или во Пеколот . Таму душата не спие како што некои погрешно мислат туку сосема реално ги доживува работите во Рајот Блаженствата ,во пеколот страданијата и  маките. Црквата со своите молитви за упокоените за простување на нивните гревови и  населување  во Царството Небесно во многу помага да се ослободат од преголемите маки оние души  кои се во пеколот . На Судниот ден при воскресението на мртвите настапува општиот Суд кога се одредува конечното престојување на секој човек тогаш во својата полнота со душа и  тело и за вечност . Улогата на Црквата Божја за сите упокоени христијани е од огромна важност за олеснување на страданијата на душите кои не се спасени   за нивно спасение и  настанување во Царството Небесно. Во последниот -Судниот  ден нејзиното времено делување  за спасение на верните престанува. Останува Вечното сливање  во едно на земната - времената и Небесната Црква - Небесното Царство  каде вечно ќе пребиваат спасените  во вечно блаженство мир спокој радост / . Таму да се најдеме сите во свое време за живот вечен , Амин!  
 / ви препорачувам да ја прочитате  книгата Душата после смртта  од преподобен Серафим Роуз/