Одговори на Вашите прашања    

Одговара: отец Горан Стојчевски

 

 

Прашање:

 1.Што се прави со светата вода, која останала од минатата година?
2.Градев нова куќа, темелите ги осветив, пријателките ми рекоја дека треба да повикам поп пред да се вселам, и вечерта кога ќе се вселам, семејството да пости без масло, дали е тоа потребно, кога веќе ги имам осветено темелите?
Поздрав.

 

Одговор: 

 Осветната вода се користи онака како што просиме во молитва пред нејзиното осветување: Господ Бог да не покаже наследници на своето царство, преку ПИЕЊЕТО И ПОРОСУВАЊЕТО со осветената вода, значи ја пиеме или се оросуваме со неа!
Доколку не е среда или петок или пак период на некој од четирите пости, нема потреба од постење. Сметам дека кога ќе го повикате свештеникот за осветување на домот ќе ви објасни најдобро!