Одговори на Вашите прашања    

Одговара: отец Горан Стојчевски

 

 

Прашање:

 Зошто на Водици се скока по крстот во водата?

Дали е тоа според православието?
Благодарам...

 

 Одговор: 

 

 Па... многу православно во поглед на Водоци ми е следното: http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=4580  односно, спуштање на Светиот Крст во водите и нивно осветување, и сметам дека нема потреба од скокање.

 

 

Прашање:

 Каков е ставот на МПЦ во врска со календарот, и  дали ќе го смени ме или не? Поздрав.

 Одговор: 

Сметам дека ставот е јулијански! Календарот не е пресуден во нашиот духовен живот, тоа што секоја Нова година се поставува истото прашање не е од верски, туку од некаков условно речено политички карактер.