Одговори на Вашите прашања    

Одговара: отец Горан Стојчевски

 

 

 

Прашање:

Однапред се извинувам за времето кое Ви го одземам.
Ве молам за одговор на мојата состојба.Имено,минатата год. со мојот сопруг, од синот на една жена (моја вујна,сега покојна) дознавме дека таа ни има направено магија за да немаме деца и тоа на денот на венчавката на нејзината ќерка, точно пред црквата,кога до вратата од нашата кола најдовме нешто завиткано во најлонче, тогаш не знаевме што е тоа и го исфрливме.Не се занимаваме со магии, ние сме верници, но колку и да не веруваме во неа, сепак последиците од неа ги чувствуваме.После тој ден почувствував голема промена кај мене во негативна смисла(бев многу нервозна,постојано се карав со мојот сопруг,а и со сите други во семејството, немирно спиев, ми се појавуваа модринки по телото, а никаде се немав удрено, едноставно што и да направев беше погрешно).Никако не можев да си ја објаснам таа промена. Во брак сме 4 год. од кои 2 год. се обидуваме да останам во блажена состојба, но не ни успева. Ги направивме потребните испитувања на лекар и нема проблеми кај двајцата.Разговаравме со Отец од нашето место и тој ни предложи да ни ја освети куќата,да почнеме редовно да одиме во црква, да постиме,да се причестуваме и да се молиме
, па со Божја волја ќе се отстрани демонот од мене. Го направивме сето тоа што ни го кажа и навистина почувствував голема позитивна промена кај мене во однос на духовната состојба,СЛАВА ТИ БОЖЕ. Но секој месец,во исто време, на третиот ден после моите плодни денови повторно ми се појавуваат модринки по телото, кои не ме болат, а ноќта кога ми се појавуваат чувствувам голема нервоза и многу тешко спијам. Пред и после тој ден се си е нормално, а кога за време на Велигденскиот пост, постевме во секоја смисла на зборот, модринките ги немаше.Сега повторно ми се појавуваат.Двајцата сме крстени, се трудиме да ги почитуваме Божјите заповеди, Господ да ни прости се што грешиме.Надежта и вербата во Бога се единствените нешта кои ме одржуваат.
Ќе Ве молам да ми одговорите, што би можела да направам за да излезам од оваа состојба?
Однапред Ви благодарам!

Одговор: 

Држете го она на кое ве упатил духовниот отец, и она што е важно е да пристапуваме со вера во нашиот духовен живот, да бидеме трпеливи, бидејќи освен верата нашиот живот треба да биде исполнет со надеж, нема потреба да се оптеретувате со случката ако редовно пристапуваме кон светите тајни.

 

 

Прашање: Христос Воскресна-Навистина Воскресна!За многу години. Амин!  Што значат Христовите зборови:Не дојдов да донесам мир туку меч? Бог со нас сега,секогаш и во вечни векови.АМИН!


Одговор: 

Секој Христов збор започнува со Мир вам! Но, мечот треба да биде наша подготвеност во борбата со гревот, со вера и со активен литургиски духовен живот (исповед, духовно раководство, Причестување) да се спротиставиме на славољубието и сластољубието. Со доаѓањето на Нашиот Спасител вистиното стана пророштвото за ставањето непријателство на Богочовекот со гревот, смртта и ѓаволот,  а Он за нас оствари победа преку Воскресението, затоа  треба да земеме учество во таа духовна борба против страстите кои се извор на секој немир, а огнот е благодатта на Светиот Дух која ја примаме на Крштевањето и зависи од нас колку тој благодатен оган ќе се разгорува во нас!

 

  
 Прашање: Ве МОЛАМ ако можете да ми кажете како можам да го дојдам до мојот чичо кој моментално е во Ерусалим на Божји Гроб(не сум сигурна)уште пред 18-19 годино се има замонашено овде во Македонија во лесновскиот манастир па до денес незнам ништо за него ако го имате посетено Ерусалим и ако можете да ми помогнете пишете ми јас ке ви казам по конкретни информации. поздрав

 Одговор: 

Обратете се до Брегалничката епархија, можеби тие имаат некоја информација, се извинувам и простете ми что не можам повеќе да помогнам!