Одговори на Вашите прашања  

Одговара: отец Горан Тасески


Прашање од Игор: Одамна сум се прашувал, која е врската (или разликите)  помеѓу Христијаните/Христијанството со Евреите/Јудаизмот. 
Многу често Евреите се спемнуваат во Христијанство и Библијата, дури и во официјалните црковни активности како крштевањео ( кога свештеникот го дава бебето на мајката- ти ми го даде еврејче јас ти го враќам крешченче).Однапред Благодарен на договорот.
 

Одговор: 

 Пред доаѓањето на Господ Исус Христос во тело Евреите биле Богоизбран народ кој Бог го избрал  заради верата на поедини личности од евреите како Авраам, Исак и Јаков, а за време на Мојсеја  им дал Закон во кој се даваат препораки за живеење според промислата Божја, за да овој народ  се сочува од погрешна вера и да не се претопи во останатото море од  народи кои му робувале на мракот на незнаењето. Со еден збор го чувал и негувал како расад кој во времето на доагањето на Христа ќе биде расаден по целата земја за да сведочи за Месијата Спасителот  нашиот Господ Исус Хриастос - Синот Божји, Кој е Спасител на  светот од робувањето на гревот и смртта.
 Но за жал евреите не само што не го препознаа Спасителот на светот па да му бидат и сведоци по светот за да луѓето се обрнат кон Него, тие похулија на Него го отфрлија и го предадоа да биде распнат. Со тоа тие наместо сведоци за Бога по светот станаа заблуда на светот за Бога.
Затоа Бог ги отфрли и си избра сведоци не според родот телесен  ами според искрената вера во Бога Кој е Еден во Три Лица .
Ви препорачувам да го читате Светото Писмо на стариот и Новиот Завет.
Поздрав и секое добро.