Одговори на Вашите прашања  

Одговара: отец Горан Тасески

 

Прашање од Нина: Пред повеќе години, поради специфични услови, се венчавме во Велигденскиот пост и тоа во блажена состојба.Тогаш, се испадна така, несвесно, ненамерно...Тоа ми е исповедано, сега знам дека е грешка, но ме мачи мисла дали има начин тоа да се исправи, дали е важечки пред Бога таков брак, можеби е глупаво, но дали треба да се обнови чинот на венчавање,како би бил вазечки и со Божји благослов?
Воцрковена сум и се трудам да живеам христијански, но понекогаш во врска со ова ми се јавува сомнеж.
Ве молам за одговор.

Одговор:

 

Преку светата тајна исповед се разрешуваат гревовите  по милоста Божја, ако тоа сте го исповедале токаш тоа е простено,  не се обременувајте со тоа, но  повеќе внимавајте во понатамошниот тек од животот да се трудите да не грешите. Вашиот брак е законски и благословен од Бога преку светата тајна венчание која сте ја извршиле. Поздрав , Господ со вас..