Одговара: отец Горан Стојчевски

 


Прашање од Симеон: Би ве замолил ако сте во можност да ми го кажете вашето мислење во однос на активностите кои ги превзема во однос на православието, здружението Maran atha. Ме интерсира дали нашата Православна црква го одобрува сето тоа затоа што г-нот Љупчо Ристовски навистина говори за вистинските христијански и библиски вредности и допира до народот.
За него прв пат дознав од емисијата на Миленко Неделковски која можете да ја погледнете на следниов линк.http://www.kanal5.com.mk/Default.aspx?mId=120

Ви благодарам однапред.

 

Одговор:


Одговор: Малку фатив од емисијата, а и ја посетив нивната веб-страница и не би се впуштил во никакво осудување. Доколку нашиот живот е вклучен во литургискиот живот на Црквата, и ако навистина се трудиме во духовниот живот низ пост, молитва, исповед и редовно причестување според благословот од духовниот отец, тогаш уште повеќе ќе ги спознаеме благодатните дарови кои ни се даруваат во Црквата и ќе се насладуваме со благодатта Христова. Мислам дека како православни не треба да се чувствуваме загрозени од било кого, ако ги следиме заповедите Христови знаеме дека „Бог е со нас„.Уште еднаш, нема потреба од осудување кон никого, бидејќи треба да ја исповедаме и сведочиме нашата православна вера. Исповедањето на верата е кратко изложено од светите отци во Символот на верата и надвор од тоа исповедање на верата потврдено со крвта на мачениците и утврдено со проповедта на апостолите и исповедањето на светите отци и надвор од Црквата  не можеме да сметаме нешто друго за правоверно, а сведочењето на верата е со љубов кон Бог и кон ближниот, покајание и молитва, а и едното и другото треба да бидат вклучени во Литургијата за да бидат во полнота кога ќе го примиме Телото и Крвта Христови! За се друго св. апостол Павле не предупредува, да го испитуваме секој дух, и да пазиме да не бидеме заведени од ласкави зборови и философија, па дури и кога се говори во името Христово.