Одговара: отец Горан Стојчевски


Прашање од Игор : Почитувани (Оче)

Би сакал да дознаам нешто повеќе за Херувими (чуварите на рајот, колку јас што знам) за Серафими... Се обидувам да најдам некој текст на порталот, но не успевам. Би ценел одговор кој ќе ме упати, а и документи кои можат да ме воведат повеќе во тајните на Христијанството.

Однапред Благодарен ( Господ на помош! )

 

Одговор:

 Добро би било да се најде текстот “За Небесната ерархија” од Св. Дионисиј Ареопагит или некаде ќе го сретнете како ПсевдоДионисиј Ареопагит, го има на www.verujem.org или на гоогле само Верујем и во Свети отци ќе го барате името на св. Дионисиј и неговото дело кое потполно говори за деветте ангелски чинови!