Одговара: отец Горан Тасески


Прашање од Тони: Здраво 
 
Често имам заприметено некои луѓе на прв поглед штом ќе ги видам знам дека ќе ми прават проблеми. Значи  одма тие луѓе ги гледам како ѓаволи а не како луѓе, и се плашам од нив, чудно се осеќам кога ќе ги видам во ликот, во очите како изгледаат. Како да го пребродам овој страв од тие луге?

 

Одговор:
Ние сме христијани а Христос не учи да ги љубиме оние кои не мразат , секогаш, да се трудиме да бидеме во мир со сите луѓе и да се молиме искрено за оние кои не мразат  односно се нашите непријаели, тоа е основата за препознавање на христијаните.
 Таму каде има неисполнување на законот Христов има страв, несигурност, збунетост, омраза...
Потрудете се најнапред да се утврдите во постојаната молитвата и помолете се секогаш  за оние кои ви изгледаат така како што ги опишавте.
Господ да ви дарува голема дарба за простување и љубов.

Христос Воскресна