Прашање од Д.:

Во странство сум со никој од моите најблиски,тука е жена ми со нејзината фамилија кои секојдневно ме притискаат за секакви материјални работи, мора нивната ќерка да има се зошто заслужува најдобро, јас сум само инструмент кој треба да овозможи се за неа. Се обидував разумно да објаснам дека никој не треба да ни се меша и да ја сили но секогаш погрешно сум сватен,а дома срам ми е да кажам шо ми се случува,  ние сме христијанска фамилија во која разводот е срам, немам решение за ова безумие, ве молам помогнете...

 

4vek1.jpg

Одговор:

Навистина е тешко, и потполно ја разбираме твојата тежина. Разводот, не е толку срам колку што е жалост и болка како за Бога така и за себеси. Зашто, пред се нам и не ни е важно мислењето на другите кое само би ја хранело нашата суета... Сакајте ја вашата сопруга и трудете се околу вашето семејство. Ако гледате дека нема плод од расправиите со нејзините и не можат да ве разберат, не се расправајте. Гледајте да ги избегнувате конфликтите со нив и навидум задоволувајте ги, а крстот и одговорностите кон вашто семејство исполнувајте ги како што е најдобро. Има еден пример, каде што некоја жена, христијанка имала сопруг кој не само што не  бил верник туку и неа не ја оставал да биде тоа што е. И и таа поминувала низ истото... Кога отишла кај нејзиниот старец и му раскажала се, тој и рекол секој ден да чита акатист за здравје на неговата душа... И навистина сопругот потполно се променил. Значи целта ни е да кажеме  колку молитвата помага и дека тоа е најдобриот и единствен начин за да постигнеме се благо и богоугодно во животот. Можеби во денешниве услови немаме време и можности да читаме цел акатист, но барем во личните молитви не смееме да не ги споменеме и оние кои не сакаат и оние кои не мразат и ни прават проблеми... Ако имате можност дадете ливче со името на вашата сопруга и вашите блиски да се споменат за здравје на проскомидија, и молете се... Пресвета Богородица, која е омекнување на сите срца, да ни помогне на сите заедно да ги носиме нашите слабости, заради љубовта на Господ Исус Христос. Амин... Бог да ви помогне.

п.п//з.д.