IvicaTodorov

 

 

 

 

 

 

 

Одговара: Презвитер Ивица Тодоров

ПРАШАЊЕ:  Зошто во православното христијанство се пости во среда и петок?

ОДГОВОР: Уште од самиот почеток на Црквата, во времето на апостолите, според сведоштвото на древниот христијански текст Дидахи (Учењето на дванаесте апостоли / The teaching od the apostles, во зборникот. The Apostolic fathers, New York, 1893, стр - 220) членовите на Црквата постеле во среда и петок, за разлика од лицемерите, фарисеите - кои постеле во понеделник и четврток. Црквата постела во среда во спомен на решнието на старозаветнит народ Божји - Израилот да се откаже од Месијата, за да не пропадне целиот народ (види Јован. 49 - 53), а во петок се пости во спомен на Христовите страдања.