Прашање од Ана:

Пред да го поставам моето прашање, да ви кажам дека оваа страница на интернет е една од најдобро дизајнираните со духовна содржина, сеопфатна е и навистина човек може добро да се информира а и многу да научи. Многу, многу е добра.
Она што ме интересира е следно: Каде може да дадам облека, обувки, тетратки, дури и на пример дигитрон (имам два:), кои не ги користам повеќе?

Само чувам, собирам, сакам а незнам каде можам да ги дадам. Однапред благодарам на одговорот!


kalista.panorama.jpg

Одговор: Редакија на Преминпортал

 

Драга Ана, Ви благодариме што не следите, и се надеваме дека и во иднина ќе го имаме Вашето внимание.

Го објавуваме Вашето прашање, се со цел  заеднички да ги продискутираме опциите за донирање на облека, школски прибор, технички помагала и др. . Во нашата Влада- постои ресорно министерство, во државата- постојат  и хуманитарни здруженија, а и во рамките на црквата функционираат хуманитарни огранизации. Ветеран на тоа поле е Ѓаконија, под долгогодишно раководство на Владиката Повардарски г. Агатангел, во Скопје (Св. Петка, Св. Петар и Павле), во Велес, потоа хуманитарна организација во Преспанско- пелагониската епархија, а во рамките на МПЦ-МИЛОСРДИЕ , одберете некоја од посочените, а има и доста други зруженија.

 Можеби има  заинтересирани, да ја организираат и  искординираат акцијата  да собирање на облека и други помагала?

Го поставуваме предлогот на дискусија!