Одговор: Почитуван Ристе,

Стихот од молитвата на свети Исаак Сирин ни најмалку не се коси со ниту една од Божјите заповеди. Имено, заповедта “да не правиш идол, ниту каква слика...и да не им се поклонуваш ниту да им служис” се однесува на тоа да не си поставуваме ништо наместо Бог ниту пред Бог. Значи, ништо да не ни биде поважно од Бог и од заедницата со Него. Во градење на таа заедница со Него “нашиот пат е да се смируваме, да напредуваме постојано надолу. Само Бог може да нè подигне и да нè прослави”. Значи, кога велиме “јас сум црв” тоа е од смирение, кое може да биде аскетско и благодатно. Кога зборуваме за аскетското смирение тогаш, во случајов, се принудуваме да мислиме за себе дека сме полоши од сите, па и од бесловсените животни и лазачи, бидејки тие (како бесловесни) немаат никаков грев, а ние (кои сме создадени според образ Божји) заради нашите гревови и страсти станавме полоши и од нив. Кога некој има благодатно смирение тогаш не се принудува да мисли така за себе, туку навистина така се чувствува и од длабочината на неговото срце излегуваат зборовите “Боже чуј, Господи помилуј”.

Посети:{moshits}