Одговор:

Почитуван Александар,
Духовден е токму името на празникот на Слегувањето на Светиот Дух  врз апостолите. Овој празник нема никаква врска со “излегување на духовите”, ниту пак со одење на гробишта наместо на Литургија. Во саботата пред Духовден е Духовденска задушница, кога на Литургијата се спомнуваат имињата на починатите.

“Светата Црква исповеда дека не само прославените угодници Божји „зивеат после смртта”, но и дека сите верни не умираат, туку „живеат вечно во Господ”. Починатите во Господ православни христијани не престануваат да бидат членови на Црквата, одржзувајки со неа и со сите останати нејзини деца најреална и жива заедница. Богослужението и молитвата се, пред сѐ, онаа сфера каде што верните стапуваат во најтесно, највидливо за надворешните сетила, и со самото тоа во најтесна и таинствена заедница со Светата Црква и еден со друг. Молитвата за живите и за упокоените собраќа Црквата ја смета за неопходен, неразделен дел од заедничкото богослужение и од келијното или домашното правило. Со своите правила за спомнување на починатите Црквата го проверува послушанието на своите деца, нивната искреност и љубов кон Господ и безрезервната љубов кон ближните.”