Прашање од  Драган:

 Дали е грев да се караме со некој и да го навредиме кога тој зборува против Бога и кога покушува да не убеди дека Бог не постои?
Ако е грев, прасанјето е како да се остане смирен во таква ситуација и како да се однесуваме, дали да прекутиме ? дали да се молиме за него ? Дали да го осудуваме ?
Јас бев во таква ситуација-како последица од тоа , јас го навредив велејки му даке тој е под тотална контрола од сатаната.Кога видов дека се навреди - јас му се извинив.Мегутоа оваа ситуација во која се најдов ме натера да размислувам дали да се биде разгневен кога некој зборува против Бога е во ред или не? И воопсто прасанјето е дали е грев кога некој е во состојба на гнев настанат заради неправда?
Слава на Отецот, Синот и Светиот Дух. Амин.

 

Одговор:

Почитуван Драган,
Во ниеден случај не е исправно да навредиме некого, па било тој да Му се противи на Бог или да зборува против Него. Ако сме во можност ние треба да ја кажеме вистината, но на смирен начин без расправии и кавга. А во мислите не треба да го осудуваме туку да се помолиме за него за Бог да го просветли и да го смекне неговото срце. Секако, не треба да очекуваме дека моментално ќе се случи некоја промена кај другиот и затоа треба да имаме трпение.
Значи, би требало колку што е можно да го одбегнуваме гневот односно таков начин на реагирање, бидејќи ако се гневиме си правиме проблем на самите себе, се затемнуваме и се затвараме за контакт со ближниот.