ОДГОВОР:

Драга Снежана смртта е составен дел од нашиот живот и една толку нормална работа и тоа особено за нас православните.Таа не би требало да ни биде изговор за некој да остане некрстен а со тоа оддалечен од светата Чаша,  од заедницата со Бога и од сите други свети тајни кои црквата ги пропишала.

 Не би сакал погрешно да бидам разбран од Ваша страна но целта на крштевањето не е да по крштевката се оди во кафеана и да се прославува иако не сум и против тоа. А тоа што не е крстено не знам на која возраст е детето,  сепак не е пречка со него да дојдете во црква, но тоа не може  да учествува во Светите Тајни.

 

Посети:{moshits}