Одговори на Вашите прашања    

 

 

22-ри јануари, лето Господово 2014

Име: З.Ј.

Прашање:  На која страна се погребуват православните христијани и какво значење  тоа има.  Однапред ви благодарам

 

    Одговор:  

Православните христијани секогаш се погребуваат со главата од западната страна, односно лицето да биде свртено кон исток. Исток, од каде изгрева сонцето, светлината, со сите тие зборови го опишуваме Христос Богочовекот,нашето Сонце на правдата, Исток или Извор на  незалезната светлината! Но сите овие се само човечки зборови кои никако не можат да го опишат Бога, но можат да го доближат до нашето разбирање. А, најдобро Бог се спознава преку пост, молитва и Причест!

 

 

Преминпортал

Лето Господово 2014