Одговара: ПРЕМИНПОРТАЛ

Прашање од Славица Ѓ: Сакам да му се заблагодарам на св. Нектариј  Егински...

Драги сестри, уредници на магазинот,
Ве поздравувам, и Ви ги подрзувам акциите за фрескозивописанје на некои од манастирите.
Се е преубаво, секоја акција што ја правите и Бог да Ви дава напредок во се, само простете ми, едно прашање ме измачува, и сакам да се осмелам да Ве прашам: Во нашава црква, благодарение на Бога, имаме фрески или икони од речиси сите светители, повеќе или помалку познати во народот. Само, ме боли срцево кога влегувам во дом Божји, а не гледам икона ниту фреска од СВЕТИ НЕКТАРИЈ ЕГИНСКИ кој е толку голем светилник во православието, кој е толку голем молитвеник и застапник пред Бога за нас бедните, и кој лично мене (а и многу други православни грци или други кои ги запознав) ме избави неколку пати од состојба на крајна беда. Колку многу сакам да Му се заблагодарам со солзи радосници во срцево, колку многу сакам да ја бакнам Неговата икона, а ете.. нема икона Негова..никаде.. ниту пак се продава..  Па си велам во себе: камо срека да имав пари, па со благослов да му подигнев еден прекрасен храм, на овој прекрасен Светител.. Да моземе да Го славиме до бескрај овој голем избраник Бозји..
Ако некаде има негова икона или фреска, Ве молам да ми казете, да Му се поклонам овде, додека даде Бог да одам на Егина. Или би Ви била благодарна, да превземете иницијатива за Негова фреска во некои од манастириве сто се зивописаат. Со лјубов ке донирам (ако е Бозја волја).
Ве поздравувам од срце!

ОДГОВОР1:  Ако имате можност да отидете до манастирот посветен на св. Никола во село Љубанци(скопско), ќе ја видите и фреската на св. Нектариј Егински. Во олтарот е фреската на светителот, но достапно е да се погледне и од надворешната страна.

sv.nektarij.eginski.jpg

И во црквата Св. Петка има фреска од овој светител

carjustinijan.nektarij.jpg

 

Посети:{moshits}