Оче архимандрите, кај Вас во манастирот Витовница доаѓа многу народ кој бара утеха. Ве молам да ни кажете како и кога сето тоа почна?


      o.tadej2.jpgПочна некако изненадно. Владиката на мојата молба ме постави на парохија, каде што се надевав дека ќе ги ублажам грижите околу изградбата на манастирот. Еден ден, 1975. година, дојде кај мене братот Драги и ме повика на богомолителскиот собир.  Братот Драги беше по занимање  техничар и раководеше со изградбата на црквата во Крњево, каде што е и најголемото богомолителско движење во нашата епархија. Дојде он една вечер со својот автомобил-често богомолителскиот собир беше таму во Крњево- и вели:“ Ајде, човеку, малку и ти да дојдеш таму, да разговараме“. Реков: јас никаде не сум одел, никаде по богомолителските собири ниту по слави, не можам да одам. “Ама, ајде“.Ама, реков, не можам. И тој си отиде. Следниот пат тој дојде со уште двајца, тројца. “Ајде!“. Реков,не можам. Одбив, повторно. Третиот пат дојдоа со комбе шестмнина. А јас навечер обично се шетам околу црквата...“А, сега не можеш да ни побегнеш. Мораш да одиш!“. Му велам на братот Драги: брат Драги, ти си член на епархискиот совет, сега наскоро владиката ќе ги повика членовите, па кога ќе заврши седницата ти прашај го владиката. Ако владиката благослови, јас можам да дојдам. Инаку тоа што ти ме викаш или некој друг – тоа не. Никаде не сум одел, не умеам да се снајдам со луѓе, човеку, и тешко ми е воопшто, многу ми е тешко. Туку кога ќе се заврши седницата, ти прашај го владиката. Ако влладиката благослови, тогаш може да дојдеш и да ме одведеш, тогаш мора да одам бидејќи владиката благословил. А јас не се надевав дека тој тоа ќе го стори. Кога завршила седницата, тој го прашал владиката и владиката благословил. Реков, немам каде сега. И така тоа почна....

      Тука прв пат се сретнав со владиката Атанасиј, кој тогаш беше иеромонах и професор на Теолошкиот факултет. Тогаш главата сеуште ми беше полна со изреки од Светите Отци. Ме прашуваат едно, друго, јас одговарам и гледам им се допаѓа тоа што го говорам. Тука запознав многу богомолци кои во изреќите од Светите Отци најдоа одговори на многу прашања кои ги мачеа. Од тогаш луѓето се повеќе и повеќе почнаа да доаѓаат кај мене, а сега постојано доаѓаат.

     Дури во 1975. година  се обистинија зборовите на Ангелот кој го чув на почетокот на Втората светска војна во затворската ќелија во Петровец: “ ... Треба уште многумина да утешиш и да охрабриш“. Морав многу да зборувам и од тоа почна да ме измачува грлото. Добив воспаление на грлото, кое до ден денешен во потполност го немам излечено. Понекогаш ми е многу тешко, едвај Литургија можам да служам.

     Ете, така животот тече....


                 Да воспоставиме прво мир во самите себе

       o.tadej4.jpgКога сум оптеретен со грижи и кога сакам своите манастирски, куќни, грижи да ги носам сам на себеси и да не ги предадам на Господ, еве на мене и на браќата невољи. И најлесната работа тешко оди. А кога сите грижи, себеси и браќата ќе ги предадам на Господ и најтешката работа со леснотија се извршува. Нема оптеретувања и браќата се меѓусебно мирни и тивки.

      Гледате као нашите мисли се страшна сила, моќ која или пореметува или дава мир. Кога е така тогаш да се потрудиме да се воспостави мир во нашата куќа, во семејството, во нашата држава, бидејќи државата е едно семејство.

      Мирот прво треба да се воспостави во нас, па потоа и однадвор ќе биде мир. Додека не воспоставиме мир во себе, нема да има мир ни наоколу. Ако домаќинот нема мир ни семејството го нема, а се е заради неговите мисли. Поради тоа тогаш себеси и своите ближни треба да ги предадеме на Бога и непрестано да се молиме. Бог е енергија, сила, моќ, радост и утеха и кога ќе го побараме, Он ќе ни го даде својот Боженствен мир. Со молитвата ја црпиме Боженствената сила во себе.

       Господ е секаде присутен и без Неговата промисла и без Неговото допуштение не бидува ништо на земјината топка, ниту во вечноста. Кога ќе ја зацврстиме таа мисла во себеси, тогаш ни е лесно. Бидејќи кога Бог би допуштил ние да правиме што сакаме и како сакаме би се случила катасрофа. Таков страшен хаос во космосот не може ни да се замисли. Он на разни начини не опоменува на Своето присуство. Ние, меѓутоа, тоа брзо го забораваме, посебно кога ни е добро. Забораваме дека сме овде привремено и мислиме дека овде ќе векуваме, и кога ќе дојдат невољи тогаш“Господи, спасувај!“. Па зошто тогаш да не се потрудиме своите карактерни особини да не ги промениме кон добро. Ни заповеда  да се молиме и за непријателите, не заради Него туку заради нас самите.

     o.Tadej.mirotoci.jpg Бидејки, се дотогаш додека ја задржуваме мислата за навредата која ни ја нанеле непријателите, пријателите, роднините, никогаш нема да имаме ниту мир ниту спокој. И кога како домаќини ги немаме, нема да ги имаат ни нашите родени. Со таквите свои мисли сами себеси се тиранисуваме. Затоа да се учиме и себеси и другите, секаде да биде Боженствениот мир. Сите околу нас, не само луѓето, туку и животните и билките бараат од нас внимание и љубов. Се на светот е поврзано. Ниту ние можеме да живееме без билниот свет ниту билниот свет без нас, кога е така сите сме и еден род.

    “Затоа да се молиме  на Господ да ни даде сила и моќ да бидеме добри, племенити, мирни, тивки, полни со љубов и добрина. Ви посакувам мир и радост од Господ во вашиот дом, во нашата држава и на сите луѓе на светот“- порачува така отец Тадеј од манастирот Витовница.


Подготви: Сузана  Стефановска

Посети:{moshits}