Goran.sv.Erotej.jpg

Вистински однос со младите

Луѓето кажуваат дека разговараат со своите деца, но тие всушност повеќе им зборуваат на своите деца, отколку со нив. Меѓутоа на тинејџерите им е потребен вистински дијалог со нивните родители. Најчесто односите помеѓу родителите и децата се прекинуваат некаде околу петнаесетата година на детето. Децата им завидуваат на оние врсници кои имаат “родители кои ги разбираат”. Нашите деца би требало да се чувствуваат дека можат слободно да ни кажат сѐ: своите прашања и сомнежи, своите критики и становишта. Тие би требало да чувствуваат дека сме навистина заинтересирани за тоа што го прават и за што размислуваат.  Не би требало своите деца да ги лишуваме од приватноста, туку би требало со нашите зборови и однесување да ги поттикнуваме на отворен однос.. Таков отворен однос помеѓу родителите и децата е нешто највредно. Кога ќе се сетиме какви се компромиси чинел Господ за да говори со оние на кои име потребна помош, ниту еден момент не би се  колебале да сториме сѐ за го сочуваме природниот однос со нашите малади луѓе. Доколку тој вистински однос го нема, тогаш и нашиот најгрижлив совет, децата ќе го отфрлат како уште едно нешто во низата на нашите мрморења и приговарања. За жал, има деца кои од своите родители, на пример, ги сокриваат негативните работи кои се случиле во куќата на нивниот соученик, се од страв дека родителите веќе нема да ги пуштаат да излегуваат. Понекогаш тврдиот став на родителите кон бунтовнички расположениот тинејџер претставува причина за огромна болка на свештеникот кому извесниот тинејџер му ги поверува своите вистински животни стремежи и прашања. Свештеникот неможе секогаш да помогне на таков млад човек за да може тој во себе го обнови вистинскиот однос со Бог без потполна соработка со неговите родители.

Еден старец во пустина имал ученик кои бил во искушение да го напушти монашкиот живот. Тој вака го посоветувал својот ученик: “Јади колку сакаш, пиј колку сакаш, спиј колку сакаш, но, остани во својата келија”. Постојат ситуации во кои родителите-Христијани загрижени поради тоа што нивните тинејџери сакаат да слушаат и да играат на рок-музика или да одат на журка, и во тој случај советот на споменатиот старец може да биде од помош: “Играј и слушај музика, оди на жирка, но сочувај ја љубовта кон Христа во своето срце”. Често желбата на нашите деца да го чинат истото што го чинат и нивните врсници е задолжителна фаза низ која нашите деца мораат да поминат во своето раснење, исто онака како што мораат да прележат и детски болести како што се варичелата или заушките.

Врзаноста за Црквата варира кај тинејџерот. Со Божја помош, на нашите деца мораме да им зборуваме за Црквата секогаш на она ниво на кое можат да нѐ разберат.  Доколку е јасно дека кај некој тинејџер постои мало интересирање за Православието, тогаш не можеме да му говориме за верата како на некој кој, на пример, сака да стане монах.  Доколку сакаме нашиот однос со детето да биде вистински  и плодотворен ние треба да се трудиме да раснеме – а во некои периоди дури и да одржуваме во живот- онолку интерес за Црквата колку што го има во нашето дете. Еден англикански бискуп пишува за христијанските тинејџери и ги предупредува нивните родители во ниеденслучај да не направат грешка да ги “застрашат своите деца”, приморувајќи ги на духовен живот. “На оние кои сеуште треперливо откриваат кои се и кои се нивните склоности многу повеќе одговара необврзан стил на духовен живот”, вели тој. Очигледно дека тој бускуп навистина ги познавал младите луѓе. Оние деца кои се посклони кон сериозен духовен живот ќе поставуваат прашања; таквите малди луѓе се благословени, бидејќи се гладни  за правда и тие ќе се наситат (спореди Мт. 5:6).  Меѓутоа, наивно е да се мисли дека сите православни тинејџери, дури и оние кои редовно посетуваат веронаука,  се вистински определени и убедени православни Христијани, и може да биде штетно , ако им се обраќаме како да се тоа.

Извадок од книгата: „Васпитајте своје дете“  од сестра  Магдалена.
 

Подготви: М. Б.

Друго: