markov.sv.Zlata1.jpg

Протоереј Георгиј Флоровски
ЗОШТО МОЛИТВА ?


Моли се сам и молете се заедно

Во Евангелието наоѓаме два дела за молитвата и тие навидум водат во два спротивни правци. Од една страна, во Беседата на Гората Господ го учел народот да се моли ”во тајност”. Тоа требало да биде молитва во самотија, ”кога вратите твои се затворени” – кога е човекот сам со својот Отец небесен (Мт. 5,6). Но, од друга страна, во една друга прилика Господ ја нагласил силата на здружената и литургијска молитва. ”Ако двајца од вас се сложат на земјата во било што за да се молат, ќе има даде Отецот мој кој е небото” (Мт. 18,19) Дали има спротивставеност помеѓу овие два различни ставови во однос на молитвата? Или пак тие два ставови одат заедно и се навистина нераздвојни? Парадоксално е тие да се предизвикуваат,  да се изискуваат еден со друг. Човекот мора да научи како да се моли сам, изнесувајќи ги во еден присен и личен излив сите свои потреби и недостатоци пред својот Отец Небесен. И единствено оние кои се научиле да се молат сами можат духовно да се спојат и да се соединат со други верници, бидејќи знаат што ќе молат едни за други од својот заеднички Отец на Небото. Заедничката молитва претпоставува лична увежбаност во молењето.

Поедининечната молитва може да биде опасна

 2. Личната молитва е можна единствено во склоп на парохијата. Никој не е христијанин сам за себе, туку единствено како член на црковното тело. Така да и кога се моли во самотија, ”зад затворени порти”, христијанинот се моли како член на спасената заедница, имено, Црквата. Всушност во Црквата тој ја учи праксата на побожноста и правилата на побожноста. Обата облици на молитва само се дополнуваат еден со друг. Тие се органски поврзани како два неодвоиви видови на истиот израз на побожноста. Еден без друг не може, и уште повеќе може да биде опасен и настран. Поединечната молива може да се изроди во индивидуалистички пиетизам, кој е екстатичен и разбивачки. Кога луѓето без претходна лична извежбаност се обидуваат молитвено да се здружат со другите, исходот не е секогаш вистинска парохијска молитва. Таа личи на секташка молитва или на молитвата на една маса, таа не е молитва на една заедница од личности туку жагор на безлична светиња – или пак обична формалност или претстава. Затоа Црквaта вовела правило дека верните мораат да се подготват за парохијската молитва со своите лични молитви во својата соба.

Започни со молитвата дома

 3. Човекот започнува да се моли дома и дури потоа оди в Црква. Тука молитвениците, молитвените луѓе, се откриваат и се наоѓаат еден со друг и самите себе се здружуваат во заедничко обожување и понизна прозба. Строго говорејќи, поимот ”приватна молитва” кој обично и упорно се употребува во нашето време, претставува несреќен и збунувачки поим. Тој може да даде впечаток, како да во прашање е некоја приватна работа препуштена на изборот на секој поединец. Всушност, таа е неопходна подготовка која им овозможува на поединците да се зближат и соединат во една заедница каде ќе можат за ги вознесат своите заеднички прозби ”како едно срце и една душа”. Приватните молитви мораат да се држат до одредени правила, и тука има малку место за импровизација. Секако, таквата молитва е нешто повеќе од обична подготовка. Дури и кога човекот е сам во својата соба, христијанинот не би требало да се моли единствено за себе. Кога е на колена пред Отецот небесен, тој не е сам. Небесниот Отец не е само негов Отец, туку Отец на сите нас. Тој би требало да биде свесен на фактот дека и многу други исто така коленичат во исто време пред истиот Отец небесен, и секој мора да изнесе пред Бога повеќе отколку само своите приватни и лични потреби и барања, или жалења.
 
4. Личната молитва по својот опсег мора да биде соборна, односто сеопфатна, вселенска. Срцето на молитва треба да е широко за да ги опфати сите потреби и таги на целото човештво кое страда. Единствено во такво расположение поединците можат да се сретнат ”како браќа” и ”да се сложат” во погледот кон нештата кои сакаат да ги измолат од Господа.
Од друга страна пак, може да се каже дека заедничката литургијска молитва е и лична обврска. За неа е лично одговорен секој кој сака да учествува во заедницата на спасените. Овој литургијски, општ какрактер на секое христијанско богослужење и молитва веќе го нагласил Свети Кипријан Картагински во своето прекрасно толкување на ”Оче наш”. Сите христијани би треабало редовно да го читаат ова толкување.


За потребата од духовна концентрација

5. Во Православната Црква постојат пропишани утрени и вечерни молитви, кои секој е должен да ги чита. Поголемиот број од нив се редовни. Собрани се во книгата наречена Часослов. Тој е молитвено правило, книга со пократки служби, кои го допушатаат и претпоставуваат личниот излив на побожноста. Главниот нагласок не е, меѓутоа, на читање на пропишаните молитви, туку на духовната концетрација на верниците. ”Кога ќе се разбудиш, на почетокот на денот, стани со побожност пред Севидечкот Бог. Прекрсти се и кажи: Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин. По призивот на Светата Троица остани во мир некое време за да можеш своите мисли и чувства да ги оттргнеш од овоземните грижи. Потоа полека читај ги следните молитви и тоа со целото свое битие”. Тоа е вовед во утринската молитва. Притоа можат да се забележат две црти. Прво, духовната одвоеност од светот и концентрацијата. Второ, јасен догматски нагласок од самиот почеток: призив на Света Троица, крстен знак, укажување на тајната на спасението. Земено воопшто, тука нема ниту транс ниту возбудување. Туку стој собрано и во мир.

 6. Тие молитви се така избрани за да го наведат човекот на мисли кои би требало природно да дојдат во обзир при секоја молитва или пак, барем не би требало да се занемарат во секојдневното созерцување. Молитвеното правило може да се скрати по потреба. Напомената која стои на крајот  на утрените молитви гласи: ”Повеќе вреди да се изговорат неколку од овие молитви внимателно и ревносно отколку сите да прочитаат со брзање и без концентрација”.

 7. Молитвата не е само изговарање на текстот на утврдените молитви, туку пред сè: средба и разговор со Живиот Бог. Од секој христијанин се очекува да го чини тоа. Секако, постојат разни сепени на молитвено воздигнување, постои скала на восходење, по која треба да се искачуваме постепено.

Увежбување во молитва

 8. Еве неколку совети за молитвата кои ги дал за жените, големиот учител на духовниот живот од 19 век епископот Теофан. На самиот почеток тој предлага дека секој мора да ги увежбува молитвите однапред за да можат тие пред Бога да бидат вистински и делотворни. Човекот мора да го проучи текстот на молитвословот  за да го ”разбере” и ”почвуствува”  секој збор и призвук на реченицата, за да ја созерцува секоја реч, и да го сфати нивното полно значење.
И дури тогаш може да се почне со молитва. Но, тоа сеуште не е молитва, туку само ”увежбување”. Човекот мора да има утврдени правила за своја домашна молитва до кои цврсто и верно ќе се држи, не менувајќи ги без сериозно разгледување. Ова е работа на дисциплина и послушност. Човекот може да избере правило кое му одговара, макар и кратко но, тогаш мора религиозно да се држи до него.

Молитвеникот е духовен буквар

 9. Пред сè мора да се разбере дека тука се работи за присуство Божје и за сè што тоа присуство претпоставува: стравопочит и трепет, но и љубов и обожување.

 10. Во молитвата е проблем да се концентрира вниманието: како да се стои пред Бога и да не се биде растроен со овоземни грижи. Зборовите на молитвата треба така да се изговараат за тие да влегуваат право во душата. Може да се случи еден збор да го привлече вниманието, и тогаш човекот мора да застане и слуша не брзајќи понатаму во читањето на останатите зборови. Сепак сето ова е само прва етапа. Воопшто гледајќи, Молитвеникот е наменет единствено за почетници. Тој е само буквар на побожноста, но на таа етапа Молитвеникот е неопходен. Ние почнуваме да учиме странски јазик учејќи зборови и реченици од книгата. Но, пред или потоа почнуваме да зборуваме. Тоа се однесува и на молитвата. Ние прво ги учиме зборовите, речениците и осветените молитви. Но, еден ден ќе мораме сами од себе да Му говориме на Бога. Спонтаната молитва извира само по вежбање. Ова вежбање е заштита против егоцентричноста при молењето.

Цел на молитвата – да се биде секогаш со Бога

 11. Намена на вежбањето е човекот да се оспособи да стапи во разговор со Бога. Молитвата не е ограничена на одредени часови од денот. Таа мора да стане навика или еден став. Христијанинот би требало постојано да се чувствува во присуство Божје. Цел на молитвата е да бидеме секогаш со Бога. Тогаш Духот почнува да говори во срцето, радосно и огнено.Сето тоа е многу далеку од мртов формализам и ритуализам. Но, и покрај тоа тука нема место за самоволна импровизација. Единствено Духот Свети може и треба да импровизира. Но, тоа се случува единствено во душата која за тоа се подготвила низ долго и постојано увежбување во пропишаните молитви. Потрагата по Духот Свети е споена со напорна работа. Да се молиш тоа значи духовно да го градиш новиот човек, во стариот Адам.
 
12. Друг руски светител од минатиот век, Свети Серафим Саровски, не бил помалку категоричен во своето советување кое го давал и на простите верници. Тој секогаш наведувал дека правата и единствната цел на христијанскиот живот токму стекнувањето на Светиот Дух. Епископот Теофан бил учен, професор на теологија и неколку години декан на Богословскиот факултет. Свети Серафим, меѓутоа, немал школско образование. Тој бил слаб во светските науки, и единствената негова ученост се состоела во познавањето на Светото Писмо и литургиското црковно предание, и секако на практичната побожност. Но, овие две стварности - Светото Писмо и литургиското предание на Црквата - ја зборуваат потполно истата работа.

Целта е да се стекне Светиот Дух

13. Еве што вели Светиот Серафим: ”Вистинската цел на нашиот христијански живот е стекнување на Светиот Дух Божји. Молитвата, постот, бдението и останатите христијански дела, колку и да се добри, не ја чинат сами по себе целта на нашиот христијански живот, иако тие дела служат како неопходни средства за да се постигне таа цел.... Мораме да го започнеме нашиот подвиг најпрво со стекнување на права вера во нашиот Господ Исус Христос, Синот Божји Кој дојде во светот да ги спаси грешните и со задобивање на благодатта на Светиот Дух, Кој во нашите срца го носи Царството Божје и нí ја разоткрива патеката по која одејќи ги стекнуваме благата на идниот живот... Самиот Дух Свет влегува во нашите души. Тој влез на Семожниот Дух како и присуството во нашиот дух на божественото величие на Троица, подарени нí се единствено низ усрдно стекнување на Светиот Дух, Кој го подготвува во нашата душа и тело престолот за животворното присуство на Бога во нашиот дух.... Молитвата е достапна на секого и богат и сиромашен, на благороден и селанец, јак и слаб, здрав и болен, праведен и грешен. Моќта на молитвата е голема. Над сè, таа го привлекува Духот Божји. Таа е многу лесно остварлива. Навистина, во молитвата нí е дадено да поведеме разговор со нашиот Бог и Спасител. Но, и тука можеме да се молиме единствено додека Светиот Дух слегува на нас и тоа по мерата на Неговата небесна благодат која само Тој ја знае. Кога Тој доаѓа да нè посети, тогаш мораме да престанеме да се молиме: ”Дојди и всели се во нас и очисти нè од секаква нечистотија  и спаси ги Благи душите наши”- кога Тој веќе дошол во нас за да нè спаси, нас кои се надеваме во Него и го призиваме вистински Неговото свето име?..  Кога Светиот Дух Божји слегува на човекот и го осенува со полнотата на Своето изливање, тогаш човечката душа се исполнува со неискажлива радост, бидејќи Духот Божји го претвора во радост сето она кое ќе го допре.”

14. Кога го слушаме вака Светиот Серафим, ние всушност го слушаме гласот кој одекнува низ семожната аскетска и религиозна книжевност уште од нејзините први зачетоци, како што се: Климент Александриски и Ориген, Светиот Атанасиј и Светите пустиници, Светиот василиј Велики и останатите моллитвеници, вклучувајќи го и најголемиот византиски мистик од 11 век, Светиот Симен Нов Богослов. Овде се работи за предание, но за предание на љубовта и за непрекидноста на едно и исто искуство.


Целта е иста за сите

 15. Мораме да имаме на ум дека сите ове совети за молитвата не се наменети на отшелниците во манастирите, туку за обичните верници. Потрагата за Духот е возможна и вон манастирите, во светот. Духовното одвојување од ”овој свет” не подразбира обврзувачки и надворешно одвојување и повлекување од светот. Напротив, стекнувањето на на Светиот Дух је средство на осветување на целиот живот.
 
16. Нема место за квиетизам во праксата на молењето. Потрагата кон Духот е врзана со тежок напор. Мрзливоста е најголем порок и грев. Но, во овој напор нема ни трага од пелагијанство, бидејќи овие ”добри дела” не се средства на спасението. Во нив нема никаква заслуга. Тие напорни дела се плодови на послушноста и потполната преданост на Бога и божествената замисла. Тие дела се дела на нашата должност, не на нашата заслуга. Тие се благодарствен одговор на спасоносната благодат и милост на живиот Бог, која се открила и излеала низ Исуса Христа, Господа и Спасителот на сите”.
 
17. Православаната духовност на допушта правење разлика помеѓу личностите. Таа претпоставува конечна еднаквост на сите верници. Постои само една и иста цел за сите, како за монасите така и за световњаците, како за свештенството така и за народот; лично општење со Бога, низ Исуса Христа, во сила на Светиот Дух. Слушај го Бога за да те води.
 
18. Почни со изучувањето на текстот на пропишаните молитви, а потоа пробај да ги читаш пред Бога, размислувајќи за смисолот на секој збор.Така еден ден ќе се случи самиот Дух Свети да те запре сред реченица и ќе почне да се моли во тебе ”со воздишки кои неможат да се искажат”. Тогаш мораш да престанеш со читањето на молитвите и да го слушаш само Него и да се препуштиш на Неговото водство. Целта на личното молење се состои во отфрлање на себичната човечка личност и во тоа човекот да стане спроводник на Духот, па сепак ова не значи дека личноста е уништена; таа на тој начин повеќе е воздигната на повисоко ниво низ општење со совршената божествена Личност.

19. Еве една прекрасна молитва која ја составил митрополитот московски Филарет (1782-1867):

О, Господи, не знам што да барам од Тебе. Ти единствен знаеш што мене ми треба: ме љубиш и повеќе одошто јас самиот умеам себеси да се љубам: не се осмелувам ни крст ни утеха да барам, само пред Тебе стојам: моето срце е отворено спрема Тебе: Ти ги гледаш потребите што јас не ги знам: гледај и постапи со мене според милоста Своја: порази ме и исцели ме, понижи ме и подигни ме, ништ и нем сум пред светата Твоја воља, и пред недостапните за мене судови твои: се принесувам себеси како жртва кон Тебе: Тебе Ти се предавам, желанија немам, освен желбата да ја исполнувам вољата Твоја: научи ме да се молам: Самиот Ти во мене моли се, Амин!


Славење и обожување на Бога

 20. Значи, молитвата не би смеела да биде поистоветена со прозба или преколнување. Да се молиш не значи ˝да искаш˝, иако тоа секогаш значи ˝да истражуваш˝. Од друга страна, тука постојат други степени и водостои. Се почнува со преколнување и постојано барање, преку нагласување на своите потреби и недостатоци пред Бога. Тоа е почетничка молитва. Всушност, Бог ги гледа и знае нашите потреби и невољи многу подобро отколку ние самите. Он е секогаш спремен да се вмеша и да помогне, дури и пред да замолиме. Тогаш доаѓа благодарноста за оваа љубов божествена. Тоа е повисок степен. Благодарноста конечно води кон фалење и величање на Бога без барање на корист. Тука се соочуваме лице в лице со Неговиот сјај и слава и Го прославуваме поради Неговото неискажливо величество, величество на љубовта која го надминува секое знаење и разбирање дури и не спомнувајќи ги доброчинствата кои Он ги поклонува на светот. Хорот на луѓе се придружува кон ангелите кои ниту искаат ниту заблагодаруваат, туку непрестајно го прославуваат него поради неговата вечна слава и величие и сјај со зборовите ˝Свет, свет, свет˝. На тој начин, во православната црковна традиција молитвата е Богоцентрична. А ова е нормално напредување од човечка молба кон созерцание.

″Дојди и види″ – Света Причест

 21. Индивидуалната молитва е воведување во Тајната на Црквата. Таа тајна е откриена и обелоденета во парохијското и сакраментално богослужење на Црквата. Центарот на парохиското богослужење е Евхаристијата. Таа е тајна или (да употребиме оригинален православно - собороен израз) таа е свето таинство. Таа е двоструко таинство, таинство ″на целиот Христос″, на Главата и Телото – таинство на Господа и таинство на парохијата. Евхаристијата е вистинско откровение на Христа, слика на Неговото искупително дело.Таа во символични изреки и дејствија го изнесува пред нас целиот живот на нашиот Господ, од Витлеем до Маслинската Гора и Голгота со Воскресението и Вознесението, а го наговестува Неговото второ и славно Доаѓање. Ова символичко предочување не е единствено спомен, туку тоа повеќе е присуствување, односно осовременување.

 22. Овие два видови таинство мораат да бидат како една целина. Евхаристијата е најголемо христијанско сведочење, сведочење за новата заедница во искупената заедница и во Искупителот. Секогаш кога се служи Евхаристија, Христовата Црква сведочи за својот Господ и Учител. Но, во неа има нешто повеќе од обичното човечко сведочење. ″Дојди и види″ (Јн.1,39). А оние кои приоѓаат со отворено срце и со права вера можат да Го видат и да Го допрат самиот Господ, Кој е секогаш присутен и суштествува во своите богословни тајни, присутен, очигледен и опиплив – секако очигледен за духовниот вид. Учењето за ″вистинското присуство″ не е ни теолошка теорија ниту пак некакво толкување. Напротив, тоа е најдиректно и најнепосредно сведочење – тоа е ″очигледство″ на духовниот вид. ″Присуството″ Господово не е ограничено на елементите од лебот и виното кои се навистина осветени и променети со осветувањето.

Самиот Христос е присутен


 23. Самиот Христос е лично присутен, како врховен и единствен Совршител на тајната, како единствен и вечен Првосвештеник на Новиот Завет. Евхаристијата не е нешто што ние сами го правиме, извршуваме или принесуваме; таа е превенствено она што Бог го чини за  нас. Христос повторно доаѓа меѓу верниците. Во суштина, секое служење на Евхаристија е самата Тајна Вечера продолжена и повторена. Оваа потполна истоветност се нагласува низ целиот обред во Православната Соборна Црква. Неа силно ја нагласил Свети Јован Златоуст во своите проповеди. Тука нема повторувања. Повторувањето на Тајната вечера и на Голготата не е возможно. Евхаристијата е една, но таа постојано повторно се открива, бидејќи жртвата Христова била космичка и сеопфатна. Да се причестиш значи дека при секое извршување на оваа тајна верниците се водат во Горната соба Ерусалимска во моментот на самата Тајна вечера, кога оваа тајна на Причеста била востановена и извршена од самиот Спасител.

 24. Таинството е едно и исто секогаш, како што и жртвата е една и како што е трпезата секогаш една и иста. Не колеме едно јагне денес, а утре друго; не се коле едно овде, а утре на друго место. Туку едно исто секаде и секогаш – всушност единственото Јагне Божјо, ″кое го зема на себе гревот на светот″, имено Исус Христос. Христос е присутен и како свештеник и како жртва. Самиот Христос ја врши тајната и повторно го раздава на своите верници Своето драгоцено Тело и Крв како искупителна храна, како храна на вечниот живот... Црквата единствено го прима дарот. Сепак, Цркавта не е пасивна, дури и кога го прима дарот на Искупувањето. Во тајната на Причеста Христос не е одвоен од своето тело, телото на христијанинот. Таинственоста на Црквата е баш во тоа дека Христос суштествува и живее меѓу верниците, а овие пак со вера суштествуваат и живеат во Него.

Единството на Цркавта е дар Божји


 25. Црквата ја продолжува и довршува службата на Искупувањето. Подобро кажано, Христос го продолжува и довршува тоа низ Цркавата и во Црквата. Христијаните се повикани да Го ″следат″ Него. Тие се повикани да  чекорат по неговите стапалки. Ова не е само етичка заповест. Таа подразбира и егзистенцијална и мистичка идентификација на деловите со својата Глава.
 
26. Како таинство на Цркавата, Евхаристијата е остварување на самата Црква. Црквата е вистинска само ако е собрана во нашиот Господ, кога сите членови се вистински вградени во Него и во Неговиот воскреснат живот. Единството на Цркавата овозможува единство на Духот, а верата е само приемник на Благодатта. Ние сме едно тело, бидејќи го примаме истиот Леб на животот, истата небесна храна.

 27. Значи, Цркавта е растечка ″полнота″ Христова. Таа всушност расне преку светите тајни. Ова значи дека единството на Црквата е дар Божји, а не човечко дело или достигнување. Сепак, тука е потребно и учеството на луѓето, активен одзив на искупените.

28. Како свештен обред, Евхаристијата е заедничко учествување во богослужењето, искрена ″согласност″ на многумина да останат и да се молат заедно. Самиот назив Литургија всушност и означува заедничко дејствување. Таа подразбира ″дејствување″, а не само збор.


″Ние се молиме″ има двоструко значење

 29. Во врска со кажаното, многу е значајно сите молитви пред причест да се составени во множина. Уште повеќе, и молитвата на осветувањето свештеникот ја изговара во множина - бидејќи тој вознесува молитви во име на сите верни и за верните, за сиот народ. Свештеникот не служи во свое име, туку во името на народот, затоа што од народот се и жртвените дарови кои се вознесуваат на олтарот ради осветување.

 30. Секако, единствено на свештеникот му е дадено овластување да вознесува заеднички молби и да говори во името на сите. Оваа власт пак, не му ја дава народот, туку самиот Христос, кој е вистински служител на таинството. Свештеникот не ги претставува само верниците во парохијата. Тој, пред сî го претствува Христа. Всушност, Христос му служи на народот, преку човечко посредување.Свештеникот не делува единствено во име на Црквата, туку превенствено во име на самиот Христос. На свештеникот му е дадена власт, не од страна на парохијата, но, за парохијата, како еден од множеството дарови на на Духот Свет. Поради тоа, во името на целата Црква свештеникот говори:″Ние се молиме....″  Ова ″ние″ во литургиската молитва има двоструко значење.

 31. Тоа го обележува единството на собраната Црква, неразделивата христијанска заедница на сите оние кои се молат. ″Ти, кој нí ја даруваше благодатта и овој пат еднодушно да Ти вознесуваме наши заеднички молби...″ (Молитва на Свети Јован Златоуст). Ова ″еднодушие″ пак, не е обичен сплет на многу поединечни и одвоени молитви.

 32. Вистинското еднодушие претпоставува некоја взаемна идентификација на оние кои се состануваат и ″сложуваат″. Човекот мора да се моли не како поединец доволен на себеси, туку како член на Телото, мистичната заедница во Христа. На православно - соборната молитва на осветувањето на дарови í претходи свечен возглас: ″Да се возљубиме еден со друг и едномислено да го исповедаме Отецот и Синот и Светиот Дух, Троица едносушна и неразделна.″
 Љубовта во Христа е единствено средство на духовна интеграција, единствено средство за постигнување на ″единомислие″. Единствено со оваа интеграција на нашите  мисли се приближуваме на врховната тајна на Божественото Единство: дека Три Личности се сепак еден Бог, едно совршено битие.

 33. Тајната на Света Троица е тајна на совршеното единство на мнозина. Оваа тајна треба да се одрази меѓу луѓето. Црквата, како целовита заедница на многумина, претствува единствена слика на Божественото Единство. Црквата, основана од Христа, е нов начин на постоење на човекот, сеопфатен (соборен) начин на живот. Таа се противи на секој себичен и разбивачки индивидуализам.

 34. Единствено љубовта во Христа може да ги оспособи луѓето своите прилози да ги принесат достојно и искрено. Така што недостатокот на мирот и љубовта би значел не само и личен неуспех, туку токму од причина што сите ние, целиот народ, треба да бидеме едно. Како што кажува Свети Кипријан, ″кога се молиме, не се молиме за еден, туку за целиот народ, бидејќи ние целиот народ, сме едно″. (За молитвата Господова, 8)


Полнота на Црквата

 35. Литургиската множина, литургиското ″ние″, има друго подлабоко значење и смисол. Тоа укажува на космичката полнота и единството на Црквата. Секоја литургија се служи во заедница со целата Црква соборна и универзална. Литургијата се служи во име на целата Црква.

 36. Во духовен поглед целата Црква на секое служење учествува независно но, сепак реално, - ″сите војски небесни″. ″Сега силите небесни со нас невидливо служат....″ (Херувимска песна на Божествената литургија). Додека Црквата на земјата ја  прифаќа и извикува величествената песна на серафимите, го повторува нивното небесно пеење: Алилуја, Алилуја... Во Исуса Христа Црквата на ангелите и Црквата на луѓето стануваат едно.

 37. Ова единство се простира не само на сиот простор туку и на целокупното време. Тоа ги опфаќа сите поколенија и сите векови. Исто така, нема поделба помеѓу живи и мртви во Црквата, бидејќи моќта на смртта е надвладеана и самата смрт е уништена со славното Воскресение Господово, Кој е глава на своето Тело. Повеќе нема конечна поделба помеѓу ″небото″ и ″земјата″, после Христа. Ова ја чини новата духовна клима на Црквата. ″Стоејќи во домот на Твојата слава мислиме дека стоиме на самото небо″. Бидејќи навистина, ″Ти го донесе небото на земјата преку своето прекрасно снисходење....″


Во Црквата нема мртви


 38. Во единството на Христовото тело смртта ја губи својата моќ да разделува. Умрените, кои почиваат во Христовиот мир, и понатаму се со живите, бидејќи во Христа сите се едно. Затоа, умрените се споменуваат на секое служење на Божествената Литургија. Тоа не е единствено сеќавање на нив или сведоштво на нашето човечко сочувствување и љубов, туку тоа е попрво увид во мистичната заедница на сите верни, живи и мртви, во Христа, заедничкиот воскреснат Господ. Во овој смисол, Евхаристијата е тајна на Црквата, или подобро, тајна на целиот Христос.

 39. Токму во Евхаристијата Црквата е свесна на идното единство, и го антиципира своето конечно совршенство во идниот век. Евхаристијата не е само израз на нашата човечка заедница и на нашето братство, туку пред сî израз на Божествената тајна на Спасението.  Таа е првенствено икона на Божјото дело. Таа е мистерија на Христа кој ги спасува и поврзува сите, и ги надминува сите граници на времето и просторот, на времињата и народностите. Секогаш кога служиме Евхристија ние сведочиме за – и живееме во – ова совршено единство, во кое нî вовел и востоличил воплотениот и Воскреснат Господ, така да ние се молиме во име на целото човештво, во име на сите кои биле повикани и кои се одзвале на повикот.

 40. Затоа полнотата на животот мора да се спомене во Евхаристиската молитва – полнотата на човечкото постоење мора да биде присутна и посветена на Бога, во Христа – треба да се сетиме и да ја признаеме преку духовна благодарност целината на Божјата промисла.

 41. Затоа молитвата за осветување на лебот и виното на Литургијата е вооквирена во историјата на спасението. Ние сведочиме за искупителниот план и намерата Божја, и ние ги следиме нив во сите етапи на нивното остварување, како што тоа е забележано во свештената историја на Библијата.


Ништо не е изоставено

 42. Литургиското споменување има космички карактер и обем. Тоа го опфаќа сиот свет, сето царство на создавањето. ″Ти ја принесуваме оваа словесна служба за сиот свет, за Светата Соборна и Апостолска Црква″. Понатаму молитвата ги споменува оние за кои се принесува. ″Името″ значи личност.

 43. Споменување на членовите на Цркавата по име за време на евхаристиското принесување укажува на фактот дека секој човек има свое место во целовитоста на едното Тело. Ние го молиме Бога да му помогне на нашето ограничено паметење: ″И оние кои по незнаење или заборав или поради мноштвото на имиња не ги споменавме, Ти самиот спомни ги, Боже, Кој ја знаеш староста и името на секого″ ( Анафора на Свети Василиј).

 44. Евхаристиското споменување ги опфаќа и сите оние замрсени животни ситуации на земјата: ″Самиот биди сî на сите, Ти кој го знаеш секој човек, неговата молба, неговото престојувалиште, и неговата потреба″. На тој начин повторно сиот народ се моли за целиот народ.

 45. Оваа молитва е првенствено признание и сведоштво: Бог најпрво дејствувал да го спаси паднатиот човечки род ″бидејќи Ти нî изведе од небитие, и кога бевме паднати повторно нî подигна и ништо не остави ненаправено, само за да нî воснесеш на небо и да нí го подариш Твоето Царство на идниот век ″. Со ова Евхаристијата е пред сî доктринарно сведочење, а оттаму и признание на благодатта Божја. Целиот обред е завртен кон Бога.

 46. Историјата на спасението сеуште не е завршена. Христијаните и понатаму живеат во очекување: Царството сеуште треба да дојде. Но, сепак Црквата е залог на ова благодатно завршување. Исто и таа се моли за исполнување: ″Како што овој раскршен леб бил расфрлан по планините, па потоа собран станал еден, така направи Твојата Црква да се собере од сите краеви на земјата во Твоето Царство″(Дидахи, IX . 4).

Останатите тајни се поврзни со Евхаристијата


 47. Сите свети тајни се поврзни со евхристиската служба. Во почетокот, сите тие се извршувани во сколп на Светата Литургија. Сите тие го имаат предвид членството во Црквата. Тоа јасно се гледа во нераздвоивиот обред на крштението и миропомазанието. Тајната на бракот се однесува на тајната на Црквата. ( Еф. 5,31 – 32).


Тајна на покајанието

 48. Тајната на покајанието има особено значење во духовната дисциплина на Црквата.  Таа подразбира две различни работи. Од една страна, тука е постојаното духовно упатување кое што отецот духовник го дава на своите духовни деца. Од друга страна, тука е и посебниот обред на исповеста (и духовното испитување на секој случај) и разрешувањето на гревовите. Во сегашната пракса, кога причестувањето не е често, на разрешувањето на гревовите (барем во Руската Црква) се гледа како на неопходен предуслов за Причест. Но, во принцип тајната на покајанието не е директно поврзана со Причеста.

 49. Тајната на покајнието непосредно е заинтересирана за членството во Телото, и ова е јасно од завршните молитви на рускиот обред: ″Помири го и соедини го со Твојата Света Црква, низ Исуса Христа , Господа нашиот....″. Се претпоставува дека неуредниот живот и кршењето на христијанските правила на живот некако ја компромитира и намалува духовната состојба на верните, и оттаму  мора да се излечи со некој свечен чин во Црквата.

 50. Во обредот на светата тајна на покајнието важни се исповеста и разрешувањето на гревовите.  Исповеста е самоиспитување на покајникот., негово каење и скрушеност, или негова ″измена на мислите″ (метаниа). Разрешувањето е изјава на свештеникот. Покајникот мора одвнатре да се подготви за прошка на гревовите, ″за да не откако дојде кај лекарот, остане неизлечен″. Бидејќи сакраменталното разрешување на гревовите не е единствено изјава за проставувањето, туку на прво место, духовно лечење.

 


Црквата и Библијата

 51. Обично се претпоставува дека Православно – соборната Црква, така да се каже, е претерано литургиска и дека ја потценила проповетта на Зборот. Ова очигледно е недоразбирање. Црковните обреди во основа се проповед на Зборот – гласна проповед на Благата Вест. Самиот костур на богослужбениот круг (вечерната, повечерието, часовите, утрената и др.) е библиски во тоа што е нацрт на историјата на Божјиот план за спасението вткаен во нив. Поголемиот број на песните и тропарите се библиски по своето вдахновение и содржина.  Читањето на Светото Писмо е внесено во сите богослужби. На проповетта се гледа како на важен дел на парохијското богослужење, особено во недела и по специјален повод.

 52. Сî е насочено на искупителните случки на минатото, во кое  реалноста на Црквата е суштински вкоренета. Сиот распоред на богослужбите, по своето вдахновение и цел, ја  има во вид парохијата. Приватните молитви го подготвуваат поедниецот да може да земе учество во заедницата на целото братство на верните, Црквата.

 53. Крајната цел на богослужењето е да го воспостави и овековечи присното соединување со Бога, во Христа Исуса, и во заедницата на Неговата Црква. Крајниот нагласок е духовен. Целта на христијанскиот живот е стекнување на Светиот Дух, Утешител, преку кој верните се воведени во зедницата на Светата Црква.

 

markov.sv.Zlata1.jpg
 

Подготви: Мaja  Белева