markov.sv.Zlata1.jpg

Честит јубилеј!

Нека Ви се множат успесите и годините пред Вас. 

Благодарение на поддршка и самопрегорот на неколкумина, се започна со издавање на магазинот Премин.

Уште на почеток на овој магазин се имаше јасна визија да прерасне во медиумски фактор кој ќе влијае позитивно врз подигнување и зајакнување на црковно-духовниот живот во земјата преку информациите, сликата, убавиот пишан збор, молитвата, пренесувајќи ги преку визуелен начин.   

Второто ниво на развој на проектот ПРЕМИН МАГАЗИН беше токму порталот ПРЕМИН ПОРТАЛ кој е дел што го надополнува духовното живеење кај нас,  и  во иднина би требало македонскиот духовен  простор да се надополни со радио и ТВ станица која ќе емитува црковно-духовна програма и ќе биде од непрофитен карактер со што би добила дозвола за работа од страна на Советот за радиодифузија.
 

Предлагам во иднина, на ПРЕМИН ПОРТАЛ Он-лајн интернет дискусиите да прераснат во отворени дебати на повеќе теми со што преку поставување на разни дилеми и прашања, на пример за свештенството, односот со правосланиот свет, бидат дел од Он-лајн дебатите на овој интерент портал. 

ПРЕМИН ПОРТАЛ Е СПОЈ НА ДУХОВНОТО И РЕАЛНОТО!

ПРЕМИН ПОРТАЛ Е ЕДИНСТВЕН!

ПРЕМИН ПОРТАЛ Е ПРОЗОРЕЦ КОН ДУХОВНОСТА!

ПРЕМИН ПОРТАЛ ДА НИ БИДЕШ ВЕКОВИТ!



 

М-р Марјан ЃУРОВСКИ