Кога се говори за дебата за воведувањето на веронаука во образованието, за типот и содржината на предметот, време е да се отвори прашањето за реализација на проектот за влегување на капеланите во редовите на Армијата на Република Македонија. Овој проект е подготвуван подолг период во Армијата, но виделината на денот не ја виде, зашто се чекаше вистински момент. Кога се говори за верските слободи и права и имплементација на новиот Закон за верски зеадници и религиозни групи ќе треба да се споменат искуствата од Армиите на земјите членки на НАТО во делот на присуството и улогата на свештениците меѓу војниците. Овој проект може да влијае за подигање на моралот на припадниците на Армијата, но и ќе се направи чекор понапред од стандардите на НАТО, бидејќи нема земја членка во која нема капелани во својата команда структура и која не комуницира со војската.

Пишува:
Марјан ЃУРОВСКИ

              Во периодот кога Армијата на Република Македонија се преструктуира во согласност со стандардите на НАТО, експертите сметаат дека е вистинско време да почнат активности кои ќе внесат нов суштински белег во нејзината поставеност, односно ќе ги отворат армиските врати за религијата. Ова, всушност би значело почитување на правата на верниците кои професионално се ангажирани во Армијата, како што впрочем го прават тоа голем број армии во светот. Така, и покрај беспарицата, во латвиската Национална армија, на пример постојат офицери-свештеници, а во хрватската армија, пак капеланите своите служби ги одржуваат во капеланската црква во Јастребарско.

kapelani.jpg

Американско искуство

         kapelani3.jpg  

  Особено интересен е примерот на Армијата на САД каде местото на воениот свештеник е мнофу високо рангирано. Тој практично е десна рака на командантот при донесувањето на одлуките, но и при воспоставувањето на врската меѓу команувањето и силите со кои се командува. За да се осознаат вистинското место и улогата на воениот свештеник треба да се имаат предвид еколку факти. Прво, 98 насто од Американците се религиозни луѓе и второ, во САД постојат околу 1.200 религии (вклучувајќи ги и разните секти), од кои околу 250 се службено признати во Армијата. Во зависност од тоа која религија преовладува, командантот на еидницата, преку соодветната служба во Министерството за одбрана бара свештеници од, на пример католичката, протестантската, муслиманската, православната или некоја друга вероисповед. Свештениците се наоѓаат од ранг на баталјон, па се до најкрупните состави (девизии) и имаат чин од потпоручник до генерал. Тие се членови на штабот на секој командант и нивното мислње при донесувањето одлуки е многу респектабилно. Едновремено, капеланите имаат завршено високо теоколошко и воено образование. Учествуваат во процесот на обуката на својата еидница, па и во извршувањето на сите задачи, како и секој друг старешина. Единстеван разлика е што не носат оружје. 
            kapelani1.jpg   Во секоја единица од ранг на баталјон, па нагоре, постои воена капела во која се вршат разни верски обреди во зависност од вероисповедта на составот. Најчесто капеланите се неутрално декорирани, а по потреба се местат посебни кулиси со белези од одредена вера. Основната улога на воениот свештеник е постојано да комуницира со војните и со старешините, да го осознае нивното расположение, мотивираност но и нивните рпоблеми и желби и слично. Американските искуства покажуваат дека војниците имаат доверба во свештеникот, во кого не гледаат само религиозно лице, туку човек офицер кому можат слободно да му ги изнесат своите проблеми, да се пожалат и да побараат помош, без страв дека за тоа ќе бидат казнети. Покрај дирекната комуникација со командантот, воениот старешина соработува со семејните центри, центрите за ментална грижа и може да ангажираат кадри од доментот на психијатријата, психологијата, социјалните работи и од други сфери, за кои смета дека можат да им помогнат на војниците. Ако проблемот на војникот е од лична природа тој се решава меѓу свештеникот и военото лице, но ако тој има влијание и врз моралот во единицата, тогаш тој се разгледува со команданта структура. Капеланите водат грижа за воените лица кога се во болница, а свои задолженија имаат и во случај на смрт на енкој од војниците. По 20 години службување воените старешини се пензионираат и ја продолжуваат својата дејност во некоја црковна парохија.


Регрутирање на капелани во АРМ
                 Имајќи ги во предвид искуствата на другите армии, стручњаците сметаат дека во Македонија има услови за воведување на свештенството во армиските редови. Свесни се за тоа дека во почетокот (на пример пред целосно оформување на соодветната законска регулатива) ќе има одредени отпори, но потсетуваат дека капеланството свои никулци веќе има и во постсоцијалистичките земји. Како и да е, првите чекори во оваа насока се направени. Македонска делегација на свештеници на МПЦ и старешини на АРМ имаат учествувано на неколку семинари на Алијансата и при тоа ги имаат согледано искуствата кои може да се имплементираат и во Армијата на нашата земја. На една од тие средби дошло и до заедничко богослужење на грчки, на англски и на македонски јазик во православната капеланска Црква во Вашингтон. Во исто време Пентагон има соопштено дека е пдоготвен да учествува во имплементација на овој проект. Судејќи според политичкото влијание без кое неможе да се донесе одлуката, во ниту еден момент не е покажан отпор спрема капеланството. Само треба многу внимателно да се оди кон реализација на овој проект. Она што треба е официјално барање од Синодот на МПЦ или од армиските редови за влегување на свештеници капелани во Армијата на Република Македонија. За почеток треба да се определи контакт тим меѓу Црквата и Министерството за одбрана, кој треба да го проучи воениот дел  од обуката, по што би се оспособиле инструктори за  за кандидатите за капелани во АРМ. Што се однесува до другите еврски заедници во државата, и тие имаат позитивен однос кон идејата за влегување на свештенството, односно на верските работници во армиските редови. Повикувајќи се на примерот во Хрватска, за Католичката Црква е прифатливо и тие да регрутираат свој кадар меѓу војниците. Во Исламската заедница овој проект не е целосно разгледан, но нивното учество според првичните  рекации, не е дискутабилно. Останува нејасно како на овој проект ќе реагираат другите верски заедници и религиозни групи, особено оние кои имаат крајна одбивност кон оружјето. Посебно место во контактите меѓу Армијата на Република Македонија и верските заедници се очекува да заземе и Републичката комисија за односи со верските заедници и религиозни групи.


Авторот е вработен во одделот за односи со јавност на
Министерството за одбрана
  

Посети:{moshits}