sv.Efimij.Veliki

Беседа на денешното Евангелие
посветено на свети Ефтимиј Велики


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух !
                    Само кратко да се потсетиме: Луѓето бараат мир, велат дека се вознемирени. Луѓето бараат мир, велат дека се растревожени. Луѓето бараат мир, велат дека имаат сѐ и сешто во главата. Вулкани им експлодираат помисли им брујат, а Евангелието денес ни зборува како да се има тој мир посочувајќи на Христа Кој вели: Поучете се од мене бидејќи сум Kроток и Смирен по срце. Што е кроткоста? Што е смиреноста? И сето она што денеска го слушнавме од светиот апостол, кој што нѐ потесети дека Нашиот Спасител кажа дека ќе си оди, но сепак секогаш ќе биде со нас, но дека ќе го испрати Духот Свети, Духот на вистината од Бога испратен дар. Третото Лице на Пресвета Троица, Кој што ќе нѐ поучи во сѐ и нѐ поучува особено во тоа како да бидеме кротки. Еден друг да не предизвикуваме, еден на друг да не завидуваме, да не бараме лажна слава, да не бараме први места, секогаш да се молиме едни за други, секогаш да се поддржуваме едни со други. Такви и уште многу поуки од Духот преку Светите Отци ги добиваме. Оние кои што се искусни во тоа. Оние коишто го поминаа тој искуствен пат, иако со камени беа отепувани, со пили резани и на страдални маки подложувани скитаа по пештери и земни бездни, секогаш ставани на искушенија.
                     Еден од нив е великиот Ефтимиј, кој што денес ние го празнуваме, великиот Ефтимиј кој што ни остави многу поуки за тоа како да бидеме кротки. Кој што ни остави свое огромно искуство од Духот Свети - животот негов во Духот Свети. Тој живот преточен во многу поуки и сето она коешто сам го претрпе, по зборовите на апостолот сега може, по целото негово сведоштво, со неговиот живот да ги поучува оние коишто влегуваат во такви искушенија – оние кои што ќе бидат искушани. (Евр. 2,18 „Зашто во она што Сам претрпе, откако беше искушан, во тоа ќе може и на искушуваните да им помогне.“) И ете, како еден е за сите и сите се стремат кон еден. И зошто се стремат кон него, зошто денеска се стремиме кон сите негови поуки? Бидејќи знаеме дека тој успеа, бидејќи знаеме дека тој стана светило Божјо, бидејќи знаеме дека во себе Го носеше Духот Свети, Духот на вистината, истиот Оној Дух Кој нас нѐ учи на кростост. Истиот Оној Дух Кој нас нѐ учи како да се смириме, како да го имаме Христа Жив во нашите срца, како да го возљубиме својот ближен какао себеси, а да ги отфрлиме сите мудрувања кои што ни ги наложува телото, телото кое што го бара своето, а што е телесното? Тоа е она од искона – паднатоста на човекот. Кога отпадна човекот повлечен од стихиите се обремени со сето она што е спротивно на Духот. Затоа имаме сега борба за смирување на човекот, за смирување на неговото тело. Желбите на духот се едни а желбите на телото се други. Затоа преиспитувајќи се себеси, постојано имајќи послушание кон Светите Отци кон Духот на Црквата, кон Самиот Христос, ние можеме да видеме до каде е нашата борба за оздравување на нашата душа, оздравување на нејзините сили.. желбите нејзини, коишто веруајте се далеку од телесното. Разумот и расудувањето, кое што е Христов ум, а не по човечко мудрување, а не по тоа: Зошто мене не ми даде, оти мене не ме погледна, зашто мене чест не ми постави, зашто за секој имаш за мене немаш...?
Илјадници се тие реченици кои на секој човек му доаѓаат на ум во мислите. Човекот мисли дека тој ги крои тие мисли, не, тие се поттикнати од демонот кој ги внесува, ги твори, ги сервира, но, сходно на нашите страсти. Ако ние такви стрсти немавме, немаше ни да имаме такви помилси. Ако ние такви страсти на завидливост, на љубомора, на самољубие, на гордост, немавме, тогаш немаше да имаме такви помисли. Но ги имаме и наместо да се покаеме, ние се судиме. Наместо да се вразумиме, ние солиме памет на другите, секогаш бивајќи поматени, попаметни, попаметни, а всушност побезумни побезумни побезумни...
                   Затоа Му благодариме на нашиот Бог Троичниот, на Отецот, на Господ Исус Христос, на Духот Свети, Кој благоизволи во Црквата и ние да имаме дел од она што ни е сведоштво од светиот Ефтимиј Велики, но да не ни биде за суд и осудување, туку да ни биде за молитвена памет, за негово застапништво за опростување на нашите прегрешенија, за негово застапништво за наше вразумување и преумување, денес и во веки. Амин.

 

Извор: