Почитувани,

TVITer247


Ви ги честитам значајните јубилеи – дваесет години од изданието на магазинот ПРЕМИН и петнаесет години од интернет порталот ПРЕМИНПОРТАЛ!
Особениот факт што ваквите раскошни издание опстојуваат толку долго и успешно е доказ за ненаситната глад на читателот духовно да се облагородува каде и да се наоѓа!
Постојат многу весници и списанија, многу електронски изданија на македонски јазик. Некои од нив се општо отворени за секакви теми, некои пак, како Вашето, на пиедестал ја ставаат духовноста и етичноста!
 Затоа дозволете уште еднаш од срце да ви ги честитам родендените и да ви посакам уште безброј броеви на ПРЕМИН и на ПРЕМИНПОРТАЛ на интернет.
Од арно да не куртулите и само добро да правите!

Сашко Насев, драмски писател

АВТОРИТЕТОТ НА СЛОВОТО

Постојат многу весници и списанија, многу електронски изданија на македонски јазик. Некои од нив се општо отворени за секакви теми, некои пак, како Вашето, на пиедестал ја ставаат духовноста и етичноста!
Во чест на 15 годишниот јубилеј, ќе кажам неколку слова за авторитеноста на истите. Во ера, кога светот се колеба помеѓу слобода и авторитарност, помеѓу угнетувачки говори и гневни протести, помеѓу слобода на говор и сквернавење на светоста – многу ретко може да се прочита, слушне, виде слово со авторитет.
За разлика од писателството како уметност, чија цел е да ја облагороди душата, основната функција на медиумот е да посредува, пренесува проверени факти и информации, кои имаат цел да информираат, насочуваат, и да го воспитуваат општеството преку покажувањето на личен пример на посветеност и сведоштво на вистината. Медиумите, со нивната секојдневна присутност, навистина ја имаат честа да бидат просветители на народот и воспитувачи на општата култура, но и одговорноста за потфрлувањето во истото.
Денеска, на светско ниво ни претстојат турбулентни, неизвесни времиња. Но, ако погледнеме пошироко, свесни сме дека ваквите времиња, проблеми, војни, масовни страдања – биле дел од секојдневието на многу луѓе, само со илузијата дека се „далеку од нас“. Така што, да се надеваме дека актуелната пандемија ќе ја подигне свеста дека ниедна човечка болка не ни е туѓа, и дека секој од нас има одговорност во создавањето на подобро и поубаво утре.
Како и да е, духот на времето се менува, но Превечниот Дух останува ист. И токму Он провејува низ сите времиња, покажувајќи му на човекот пат и вредности кои се вечно актуелни и способни да го свртат текот на историјата. И да се зборува и твори, усовршувајќи се во тие вредности, навистина е дело за почит.
Ви ги честитам значајните јубилеи – дваесет години од изданието на магазинот ПРЕМИН и петнаесет години од интернет порталот ПРЕМИНПОРТАЛ!
Особениот факт што ваквите раскошни издание опстојуваат толку долго и успешно е доказ за ненаситната глад на читателот духовно да се облагородува каде и да се наоѓа!
Затоа дозволете уште еднаш од срце да ви ги честитам родендените и да ви посакам уште безброј броеви на ПРЕМИН и на ПРЕМИНПОРТАЛ на интернет.
Од арно да не куртулите и само добро да правите! 

 

Друго:

3.angeli.so.truba