логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Православие или Паганизам
Свето Бдение  или  Halloween
Светлина    или   Tемнина
 
Halloween (31-ви Октомври) е празник кој има длабоки пагански корени и е тесно поврзан со прославување на Непријателот на овој свет – Сатаната. Тоа е празник со кој се величаат мрачните нешта на овој свет, отколку cветлината на Исус Христос, Вистината.

На 31-ви Октомври кога ќе одлучите да не учествувате во прославувањето на овој пагански празник, НЕМОЈТЕ да седите дома во темнина. Како што знаете нашата Православна Црква е благословена со многу светители -  вистински светилници кои ги дале своите животи за доброто на нашата вера, и повеќе од сигурно заслужуваат да се присетиме и да ги прославиме на нивниот ден, како и да им се заблагодариме за тоа што не водат по правиот пат кон спасението. Ова се само некои од тие светители за кои може да си спомнеме и да им оддадеме почит во деновите на нивната слава со одржување на Бдение или Света Литургија, наместо да го славиме паганскиот празник Halloween:
 
 
Светиот апостол и евангелист Лука     31/10
 
apostolLuka.jpgРоден е во Антиохија. Во младоста добро ја изучи грчката философија, медицината и иконописот. Во времето на делото на Господ Исус на земјата Свети Лука дојде во Ерусалим и таму Го виде Спасителот лице в лице, ја чу Неговата спасоносна наука и стана сведок на Неговите чудесни дела. Откако поверува во Господ, Св. Лука беше вбројан меѓу Седумдесеттемина апостоли и пратен на проповед. Заедно со Клеопа Го виде воскреснат Господ на патот за Емаус (Лука 24). По слегувањето на Светиот Дух на апостолите, Лука се врати во Антиохија и таму му стана сотрудник на Св. апостол Павле со когошто патуваше во Рим, обраќајќи ги во Христовата вера Евреите и незнабожците. „Ве поздравува Лука, лекарот љубезен“, им пишува на колосјаните Св. апостол Павле (Колосјани 4, 14). На молба на христијаните го напиша Евангелието, околу 60 година. После мачениката смрт на Св. апостол Павле Свети Лука го проповедаше Евангелието по Италија, Далмација, Македонија и на други места. Ја иконописаше Пресвета Богородица - и тоа не една туку три икони - а исто така Светите апостоли Петар и Павле. Оттука Свети Лука се смета за основач на христијанскиот иконопис. На старост го посети и Горен Мисир. Од Мисир се врати во Грција, каде што со голема ревност продолжи да проповеда и да ги обраќа луѓето кон Христа, не обѕирајќи се на својата длабока старост. Свети Лука ги напиша Евангелието и Делата Апостолски, обете посветувајќи му ги на Теофил, кнезот на Ахаја. Имаше осумдесет и четири години кога злобните идолопоклоници го подложија на маки заради Христа и го обесија на една маслина во градот Тива (Теба) Беотиска. Чудотворните мошти на овој прекрасен светител во времето на Константиновиот син, царот       Констанциј, беа пренесени во Цариград.
 
 
Светите Јулијан и Дидим Слепецот     31/10

 

Св. Јулијан наречен Пустиник беше Персијанец и селанец без школо, но заради чистотата на своето срце беше сад исполнет со благодатта на Светиот Дух. Се подвизуваше покрај Еуфрат во Месопотамија. Имаше дар на проѕорливост. Во мигот кога загина Јулијан Отстапник, Свети Јулијан тоа го проѕре со духот и им го објави на учениците. Неговиот современик, Св. Дидим Слепец во Александрија, исто така ја проѕре со духот погибелта на Јулијан: беше на молитва ноќе кога му дојде глас од небото: „Денес загина царот Јулијан; извести го за тоа патријархот Атанасиј.“ Свети Антониј Велики многу го уважуваше овој чудесен слепец Дидим, којшто имаше проѕорлив дух и навраќаше кај него кога од пустината одеше за Александрија; и заедно Му се молеа на Бога. Овие двајца прекрасни слуги Господови, Св. Јулијан и Св. Дидим, се упокоија по 362 
 
 
Преподобен Прохор Пчински     01/11
 
Бидејќи се молеше за тоа, Бог му го покажа местото на неговиот подвиг. Тоа место беше на брегот на реката Пчиња. Свети Прохор се подвизуваше таму до старост и до својата смрт. Само Едниот Бог знае за сите негови подвизи и искушенија што ги претрпе во текот на овој живот. Но според неговите мироточиви мошти и безбројните чудесни исцеленија, коишто и денес не престанаа, може да се суди за големината на Божествената благодат што му ја подари Бог за неговите големи страдања. Свети Прохор се упокои и се пресели во Царството Небесно во 9 век.
 
 
 
Светиот маченик Вар     01/11
 
Беше римски офицер во Мисир и притоа потаен христијанин. Кога седуммина хрситијански учители беа фрлени во затвор, Вар ги посетуваше во затворот, ги снабдуваше со потребното, им служеше усрдно. Им се восхитуваше на мачениците и жалеше што и тој од страв не може да стане маченик за Христа. Оние Божји луѓе го охрабрија и Вар реши и самиот да појде со нив на маки. Еден од тие Божји луѓе се упокои во затворот. Кога нечестивиот кнез ги изведе мачениците пред себе и виде дека се шест, запраша каде е седмиот. Вар извика дека самиот е седмиот. Тогаш разјарениот кнез прво го зеде и го мачеше Вар. Нареди и го биеја гол со суви стапови; потоа го приврзаа за едно дрво и со ножеви му сечеа парче по парче од месото, додека не ја предаде светата душа на Господ. Неговот тело го фрлија на ѓубриште. Некоја жена, Клеопатра, родум од Палестина и вдовица на некој офицер, се најде тука со нејзиниот син Јован. Тајно ги зеде моштите на Св. Вар од ѓубриштето и ги погреба во својот стан. Потоа измоли од кнезот дозвола да може да го пренесе од Мисир во Палестина телото на својот упокоен маж. Како на офицерска жена кнезот тоа веднаш ѝ го дозволи. Но блажената христијанка Клеопатра не го пренесе телото на својот маж, туку моштите на Св. маченик Вар. Таа ги однесе овие Свети мошти во своето родно село Едра близу Тавор и таму чесно ги погреба. Потоа на Св. Вар му подигна и храм. Светиот маченик често ѝ се јавуваше од оној свет, светол како ангел Божји.
 
 
Преподобен Јован Рилски        01/11
 

Повеќе од десет века не делат од времето кога живеел и дејствувал големиот ревнител на духовниот живот светиот преподобен Јован Рилски. Се родил во местото Скрин, во близината на Софија. Произлегува од чесни и набожни родители. Вршел милосрдни дела и по смртта на родителите, имањето го раздал на сиромашни. Се замонашил, го напуштил својот роден крај и се подвизавал во една пештара во оддалечената гора. Подоцна продолжил да се подвизава во Рилската планина. Долги години не видел луѓе, се додека не го откриле овчарите. Со испоснички подвизи и силни молитви кон Бога, се соединил со Христа и добил чудотворна моќ да лечи болни. Бугарскиот цар Петар имал голема желба да го види прочуениот голем пустиник, но св. Јован Рилски го избегнал тоа сретнување и преку писмо му ги дал потребните совети. Бог го удостоил со голема благодет и со својата благородна и просветена душа и ум, свети Јован Рилски, привлекол многу луѓе кои го носеле Христа во своите срца. Тие се преселиле да живеат во близина на светителот. На тоа место се подигнал храм и манастир. Свети Јован се упокоил во седумесетта година од својот живот и тоа на 18 август по стар календар, во 946 година. Неговите свети мошти биле пренесени во Софија, во Унгарија, па во Трново, во времето на царот Јован Асен. Кога подоцна Турците го презеле Трново, моштите на Светителот ги пренеле во Рилскиот манастир, каде што и денес почиваат. Илјадници поклоноци од целиот свет му оддаваат почит на големиот светител и се поклонуваат на неговите свети мошти. 

 

 

Свети праведен Јован Kронштатски   01/11

Свети праведен Јован Кронштатски роден на 19 октомври 1829 година во Сур, Архангелска губернија, во богоугодно руско семејство од родители Илија и Теодора. Од 1855 година служел како свештеник во храмот на светиот апостол Андреј Првоповикан во Кронштат. Токму таму и започнал да ги врши делата на милосрдие по кои и многу се прославил. Бил прославен и почитуван уште во времето на неговото претставување пред Бога. Канонизиран е од Руската Задгранична Православна Црква во 1964 година, и во 1990 година од Руската Православна Црква. Вториот по големина манастир во Санкт Петерзбург е посветен на овој светител.
Неговиот спомен се празнува на 1-ви Ноември и на 2-ри Јануари.

 
Светлина или Tемнина
Исус им рекол на фарисеите; Јас сум Светлина на светот,кој врви по Мене, нема да оди во темнина, а ќе има светлина во животот. (Јован 8:12)

Јас како светлина дојдов во светот, така што никој, кој верува во Мене, да не остане во темнина. (Јован 12:46)

Исус Христос на гората на Блаженства на насобраниот народ Им рекол; Вие сте светлина на светот. Влезете низ тесната врата, оти широки се вратите и широк е патот што води кон пропаста и мнозина минуваат низ нив. (Матеја 7:13)

Дојдовме тука во Америка и ги видовме сите патишта ширум отворени. Еден од тие патови е паганскиот пат - Halloween, по кој доброволно тргнале мнозина, и со себе ги водат своите деца, за да го прослават празникот на темнината.

Тој пат води во темнина,но во темнината има само плач и крцкање со заби. А Исус вели; Оставете ги децата и не пречете им да доаѓаат при Мене, зошто на такви е царството небесно.

Исус не поучува и вели; Никој не може да им слугува на двајца господари оти, или едниот ќе го замрази, а другиот засака, или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамона. (Матеја 6:24)

А кога Бог му се јави на Савле во Дамаск му рече; Ќе те пратам меѓу незнабошците за да им ги отвориш очите нивни, та да се обрнат од темнината во светлина и од власта на сатаната кон Бога, па преку верата во Мене да примат опростување на гревовите и наследство меѓу осветените. (дела 26:18)

И по Божја промисла Савле, кој подоцна стана апостол Павле, дошол и во Македонија за да го избави и тој народ од темнина и воведе во светлина. Бог не ги поштедил ни ангелите што згрешиле, туку ги предал во оковите на мракот, ги фрлил во пеколот, за да бидат таму чувани се до Судниот ден.

По кој пат одиме и таму ќе стигниме. Патот на темнината завршува во вечни маки, а патот на Светлината завршува во вечната радост.

Светлина или темнина?     
            

Tекст од:  аџи-oтец Стојан
 
 
„Ме викате Господ, а далеку сум од вашите срца.
Ме викате Учител, а не се поучувате од Мене.
Ме викате Пат, а не одите по Мене.
Ме викате Вистина, а не сведочите за Мене.
Ме викате Љубов, а не ме љубите.
Ме викате Пастир, а бегате од Моето стадо.
Ме викате Врата, а не чукате на неа.
Ме викате Вечен, а Ме убивате постојано.
Ме викате Спасител, а не барате помош.
Ме викате Извор, а не пиете од него.
Ме викате Леб, а не јадете од него.
Ме викате Судија, а се судите меѓу себе.
Ме викате Лекар, а одите по врачари.
Ме викате Благ, а се мразите.
Ме викате Многумилостив, а не делите милостина.
Ме викате Човекољубив, а се убивате.
Ме викате Праведен, а не ја сакате правдата.
Ме викате Свет, а не се просветувате од Мене.
Ме викате Татко, а го напуштате Мојот дом.
Ме викате Цар, а не влегувате во Моето Царство.
Кога ќе дојдам пак, во сета Своја слава, ТОГАШ каков откуп ќе дадете?“

Напишанo од некој свет отец


А сега, секој од нас сам нека одлучи:

Православие или Паганизам?

Свето Бдение  или  Halloween?

Светлина    или   Tемнина?
 
 
Подготвија:  С.С, Д.С и Л.С.
 


ПРЕЗЕМИ ЈА ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Беседи

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

БEСEДА  за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

БEСEДА за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

Излeгoв oд oтeцoт, кадe штo имав сè, и дoјдoв на свeтoт, кoј нe мoжeшe ништo да ми дадe. Вo пeштeрата сe рoдил Гoспoд за да пoкажe дeка цeлиoт свeт e...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

БEСEДА  за Давид (02.01.2020)

БEСEДА за Давид (02.01.2020)

Царoт Давид му згрeшил на Бoга, сe пoкајал и Бoг му oпрoстил. Гoлeм бил грeвoт на царoт, нo уштe пoгoлeмo билo пoкајаниeтo. Му бил винoвeн на Бoга за два тeшки...

« »