Распоред на богослужбите во црквата „Св. Петар и Павле“ Ѓ. Петров

2 Мај 2024 - Велики Четврток
Од 8 и 30 часот Литургија на Св. Василиј Велики во спомен на востанувањето на Светат тајна причест/ заедништво!
По Литургијата ќе се одржи осветување на масло кое се користи за Светат тајна маслосвет. На овој чин оние кои својата надеж за исцеление ја имаат во Господа од страна на свештенослужителите се помазуваат за прошка на гревовите и за исцеление на душите и телата!

Од 18 часот читање на 12 делови од Евангелието во кои е засведочено откупителното страдање на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Преку слушање и наше молитвено учество во евангелските сведоштва ќе можеме мисловно да се префлиме во времето на Христовите страдања извршени за сите нас и за нашето ослободување од ропството на злото, гревот и смртта!

3 Мај 2024 - Велики Паток
Од 8 и 30 Царски часови, на истите се читаат евангелски делови и псалми, а се пеат и црковни химни во кои се сведочи за сето она што се случуваше со нашиот Спасител Исус Христос пред, за време и по Неговото откупително страдање на крстот! Околу 10 часот ќе биде изнесена светата плаштаница која го симболизира периодот на Христовата телесна смрт и на подготвувањето на Неговите апостоли за Негово погребение!

Од 18 часот - Оплакување посветено во спомен на Христовите откупителни страдања и на Неговата телесна смрт!

4 Мај 2024 - Велика Сабота
Од 8 и 30 часот Литургија на Св. Василиј Велики! На оваа Литургија по традиција се причестуваат оние кои не можат да учествуваат на Воскресната Литургија, а тоа се болните, изнемоштените, децата. . .

По 23 часот на Велика Сабота се подготвуваме за објавувањето на Воскресението Христово од мртвите и Неговата подеба над смртта! Пред да започне празничната воскресна Литургија радосно се прави опход околу црквата „Св. Петар и Павле“ Ѓ. Петров

5 Мај 2024 - Недела
Во црквата „Св. Петар и Павле“ Ѓ. Петров, но, и во сите цркви при нашата Црковна Општина, доаѓаат сите верници кои не можеле да дојдат претходно, но и сите луѓе со добра воља кои имаат духовна потреба да учествуваат во РАДОСТА НА ХРИСТОВАТА ПОБЕДА НАД СМРТТА!

6 Мај 2024 - Светла воскресна радосна Седмица!