Архиерејска Божествена Литургија на празникот на свети Климент Охридски во Скопје (08.12.2023 10:39)

Во чест на патронот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, свети Климент Охридски, во соборниот храм во Скопје се отслужи Света Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Епископот Дељадровско-илинденски г. Јоаким и Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.