Naum3.Lit18

Архиерејска Божествена Литургија во Водоча (21.09.2023 11:00)

Денес, на празникот Рождество на Пресвета Богородица, Митрополитот на Дидимотихо, Орестијада и Суфли, г. Дамаскин, отслужи Божествена Литургија во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, во Водоча, во сослужение на надлежниот Митрополит Струмички г. Наум и неговиот Викарен Епископ Стобиски г. Јаков. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.

Naum3.Lit19

По завршувањето на Литургијата, Митрополитот г. Дамаскин се обрати на верниот народ: „За време на Литургијата се потсетив на зборовите ’колку е добро кога браќата живеат заедно‘. Сите заедно околу Светата трпеза и да Го возљубивме Оној што ни го подари животот и Оној што ни ја подари перспективата на спасението, бидејќи гревот нѐ оддели од Живиот Бог. Денес се собравме овде да го прославиме големиот празник на Раѓањето на Пресвета Богородица, бидејќи Таа е причина да се роди Бог и да се роди нашата надеж за спасение. Таа е Која нѐ води и ни го покажува патот на спасението кој е Исус Христос. Таа е Која нѐ прегрнува, и во среќни и во тажни моменти во нашиот живот“.

Тој се осврна и на предизвиците пред кои се исправени сите балкански земји, а се поврзани со теми кои се неприфатливи за нас.

„Треба да бидеме свесни за светоста на семејството. Семејството е клетка на животот. Бог ја продолжува својата творба преку благословен брак и благословено семејство. За жал, од запад ни доаѓаат многу верувања кои се туѓи за нашето верување и многу туѓи и непознати за културата на балканските народи. Затоа, ве молам сите, да ги образувате вашите деца во христијанската вера, да бидат секогаш блиску до Црквата, до Христос и до Богородица.“

 Naum3.Lit21

Митрополитот Струмички г. Наум се заблагордари на Високопреосветениот Митрополит г. Дамаскин за големата љубов за сите нас и за нашата Црква.

Naum3.Lit20

Владиката Дамаскин се заблагодари и на градоначалникот на Општина Струмица, г. Костадин Костадинов, за неговото присуство на Литургијата, истакнувајќи дека нивната работа е заедничка, да го водат народот по вистинскиот пат. Владиката г. Дамаскин му подари на градоначалникот Костадинов икона на Пресвета Богородица во знак на благодарност и почитување.

Возвратно и градоначалникот г. Костадинов на Митрополит г. Дамаскин му подари пригодни подароци со порака дека Струмица секогаш ќе го пречека со раширени раце и отворено срце.

Naum3.Lit22

 Извор: МПЦ-ОА