Mirkovci.Manastir.sv.Ilija

 

Св Илија - Мирковски манастир +++ РЕДОСЛЕД НА БОГОСЛУЖБИТЕ ВО СТРАСНАТА СЕДМИЦА

+ 13.IV.2023 год. Велик Четврток: 15:00 ч. Утрена Богослужба со Дванаесетте Страдални Евангелија.

+14.IV.2023 год. Велик петок: 08:00 ч. Царски часови. 15:00 ч. Вечерна Богослужба со погребение Христово (изнесување на плаштаницата). 20:00 ч. Утринска Богослужба Оплакување Христово (Статии на Велик Петок)

+15.IV.2023 год. Велика сабота: 23:30 ч. Воскресение Христово Пасха Господова

Од манастирското братство

 

Mirkovci.Manastir.sv.Ilija

 

 

 

Бескрајна е Божјата љубов и благост кон луѓето. Он нас нè љуби силно, бидејќи сме Негов род. Иако ние секој час се откажуваме од Бога, Он лесно не се одрекнува од нас. Но сепак Му е помило кога луѓето нарочно Му се обрнуваат. Он во вревата на градовите тешко да ги слуша и онака срамежливите, без срце и со половина уста изговорени студени зборови на нашите автоматски молитви. Човекот треба да се одвои од светот и да тргне да Го бара Господа. Дури во тишина на осаменоста Бог се впушта во дијалог со човекот. Во вистински, пријателски и доверлив разговор — лице во лице, очи во очи, срце кон срце! Стaрец Гaврил Светoгoрец