„Секој кој сака да ја пројави својата љубов кон упокоените и да им даде реална помош, најдобро може да го направи тоа преку молитвата за нив, и особено, преку давање записки за спомнување на Божествената Литургија. Ништо подобро и повеќе не можеме да направиме за нив. Тоа секогаш им е неопходно…“
Св. Јован Максимович
Освен молитвата за починатите, уште едно дело за нивен спомен претставува милостињата. Под милостиња не се подразбира само давање на сиромасите во спомен на починатиот, но и секое добро дело кон оние кои имаат потреба.
Свети Јован Златоуст рекол: „Раскошниот погреб, не е љубов кон починатиот, туку суета".