TViTer244

Соопштение (09.05.2022 16:57)

Светиот и Свештен Синод, кој заседаваше денес, понеделник, 9 мај 2022 година, под претседателство на Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, исцрпно дискутираше за црковниот проблем во Скопје и, оценувајќи го во конечна фаза апелациското прибегнување (еклитон) на тамошната Црква до Мајката Црква, како и повторените повици од државата на Северна Македонија, го одлучи следново:

1) Ја прима во евхаристиско општење јерархијата, клирот и народот на оваа Црква под Архиепископот г. Стефан, лекувајќи ја раната на расколот и излевајќи „вино и елеј“ врз раната на нашите тамошни, православни браќа. Кон ова се издава и соодветен Патријаршиски и Синодален Акт.

2) Се остава на најсветата Црква на Србија да ги уреди управните прашања што ги има помеѓу неа и Црквата во Северна Македонија, секако во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание.

3) Како име на оваа Црква го признава „Охридска“ (имајќи го на ум, како област на нејзината јурисдикција, владението во границите на државата Северна Македонија), како што нејзиниот Претстојател писмено ѝ вети на Вселенската Патријаршија, која не го употребува терминот „Македонска“, или друга изведенка од зборот „Македонија“.

Вселенската патријаршија продолжува да се интересира за растењето, напредокот и благосостојбата на оваа црковна целина на Охрид, како што и правела низ вековите за сите помесни православни цркви, како „сместувалиште љубовта, извор на благочестието на Родот на Православните Христијани“ (митрополит на Драма Павле).

Во Патријаршијата, на 9 мај 2022

Од секретаријатот на Светиот и Свештен Синод

Извор: https://fosfanariou.gr/index.php/2022/05/09/to-ecum-patr-dexetai-se-koinonia-tin-ekklisa-twn-skopiwn/

 

Преземено од МПЦ-ОА

 

Друго:

  • Серадосно благовестие од Цариград: Вселенската Патријаршија ја призна нашата древна и возобновена Охридска Архиепископија за канонска

Збришан планот на руско- српската оска

Грчкиот црковен портал „Ортодоксија инфо“ во текстот под наслов „Шах- матот“ на вселенскиот патријарх што го збриша планот на руско- српската оска за нова турбуленција на Балканот“, пишува дека со одлуката на Светиот синод на Вселенската патријаршија „се става крај на повеќегодишната перипетија на шизматичката црква, која ја врати во рамките на канонската православна црква“. Како што пренесува агенцијата МИА, во текстот се додава дека и покрај непријателскиот став на Српската патријаршија, Константинопол не навлегува подлабоко во прашањето и му остава на Белград да преземе потези за завршување на постапката по ова прашање.
Belgrad Saint Sava Kirche

СПЦ е незадоволна од одлуката на Цариград

„Со овој одлучувачки потег, Вселенската патријаршија става крај на новите аспирации на Русија да предизвика нова рунда конфронтации околу јурисдиктивните прашања, а црквата на Србија ја става пред своите одговорности за завршување на напорите за решавање на проблемот според Светите канони“, коментира порталот.

 

 Сooпштение (10.05.2022 12:24)

Светиот архијерејски синод (САС), на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата вонредна седница, одржана на 10 мај 2022 година, посвети посебно внимание на актуелните настани што се однесуваат на воспоставувањето на евхаристиската заедница на ерархијата, клирот и народот на МПЦ – ОА со Православните Помесни Цркви како и за конечниот автокефален статус на нашата Света Црква.

САС на МПЦ – ОА изразува најсрдечна благодарност на Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј за Патријаршискиот и Синодален акт за канонско и евхаристиско единство на нашата ерархија, при што, прифаќањето е со еклисиолошкото име со што се обезбедува вековниот црковен континуитет.

Истовремено ја известуваме јавноста дека продолжуваат разговорите со Српската Православна Црква до уредувањето на конечниот статус на нашата Црква, како и по препорака на Цариградската Патријаршија, која во рамките на светоканонскиот чин и црковно предание треба да се уредат управните прашања помеѓу двете Цркви.

Синодот на оваа седница одлучи да се канонизираат двајца македонски преродбеници олицетворени во личностите на Јоаким Крчоски и Кирил Пејчиновиќ – Лешочки.                                                                      

                                                            Од Канцеларијата на САС на МПЦ – ОА