Во манастирот на Покров на Пресвета Богородица во Водоча


 


Денес, на празникот на Преображението Господово, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи Божествена Литургија во манастирот на Покров на Пресвета Богородица во Водоча. Толкувајќи го денешното евангелие Владиката ни објаснуваше дека денешниот празник во суштина не е преображение на Господ туку преображение на Апостолите. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

{flvremote}http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vodocha19082008.flv{/flvremote}

Извор: МПЦ


 Избор од коментари:


 

16. Пратено од присутен, на 21-08-2008 22:47
Владиката најнапред го праша собраниот народот, кој празник се празнува. Тој рече дека сите ќе кажеме преображение Господово и веднаш ќе погрешиме. Потоа ни објасни дека: станува збор за промена и преображение што им се случува на Апостолите, бидејќи што може да Му се додаде на Оној во Кого пребива сета полнота на Божеството телесно?! 
Затоа овој празник во суштина не е преображение Господово, туку преображение на Апостолите. Апостолите добиле дар да можат да ја видат Божествената светлина. Толку се преобразиле, обожиле, не само со духот, туку и со телото, така што и со своите преобразени телесни очи можеле да Го видат Христос во несоздадената светлина. Тоа е возможно само на третиот степен од духовниот развој, на кој преку обожувачката благодат се гледа Божествената несоздадена светлина со преобразените телесни очи. 
На обожувачката благодат ѝ претходи просветлувачка и очистителна. На третиот степен се стигнува, но многу ретко – по еден од секоја генерација. Еве, и Господ од 12-те веќе избрани ги повикува само тројцата – Петар, Јаков и Јован. Значи од избраните – избрани! Ги повикува на Тавор – на Висока гора, што значи на врвот од Високата гора на добродетелите. 
Владиката рече дека уште една работа му го привлекува вниманието во ова евангелие: Петар доби дар на преображение, тој ја гледа со телесни очи несоздадената светлина, но и после тоа се одрекува од Христос. Значи, и после благодатта се можни падови и повторно покајание. Дадена му е благодат, но на некој начин мора да ја одработи. Тој го поминува патот на искушенијата, падот и покајанието и на крајот се удостојува со маченичка смрт, со која и го оправдал дарот на обожувачката благодат. 
Преображението е секогаш дар, но од нас се бара да се потрудиме, со својата слободна волја да вложиме напор како би го стекнале тој дар. Тоа и не може така да се каже, но сепак, ќе кажеме да биде разбирливо на нашиот човечки јазик: благодатта треба да ја заслужиме, да ја заработиме, иако всушност никогаш не можеме да се удостоиме за неа и секогаш е таа само дар. Затоа и ние се молиме помилуј ме, значи ја бараме Божјата милост. И на степенот на обожување исто така велиме помилуј, зашто никогаш не можеме да станеме достојни за дарот на благодатта. 
На почетокот ни се дава благодат, а потоа таа се повлекува и доаѓа период кога треба да се потрудиме со своја волја. Кога влегуваме во Црквата постои прва благодат и сѐ изгледа лесно, потоа благодатта се повлекува, а ние треба да се потрудиме (покажеме). Исто е и покасно, се дава дарот на умносрдечната молитва, а потоа мора да се потрудиме да ја задржиме, така и на степенот на обожување – прво благодат, а потоа наш труд, трпение. На тој начин Господ не учи како да станеме деца Божји, а не наемници или робови. 
P.S. Толку одприлика запамтив.

+++

38. Пратено од lpa, на 23-08-2008 03:18
eh da imavme gradi kako planina, i shaki kako dve, pa udri, tupaj. koj rekol poubavo i na kogo zborot mu e prav po blagoslov.
 
Ja zaboravivte Evharistijata koja bila najvazna toj den, na toa mesto. Ni besedata, a nitu vasite mislenja za nea. 
Koj slusna slusna, koj ne - procita. Besedata ne bila kazana za da se nadmudruvate vie so natemagoto(citaj, sami so sebe), tuku za da ja ponesete so sebe i vo sebe.
A sobirot ne bil za da se kaze a nitu cie beseda. Tuku da se vozglasi Evharistija.


39. Пратено од со други очи, на 23-08-2008 12:47
Немојте сега да го одделуваме принесувањето на Евхаристијата, иако тоа е главното, од толкувањето на Евангелието затоа што се работи за полнота на светотаинската структура и доживување на св. Литургија, на Домостројот на спасението. Тоа е исто како да се каже дека Христос дојде, направи што направи и не рече ниту еден збор. Затоа и го читаме Евангелието на св. Литургија, како и да се осигураме од неграмотни свештенослужители. Едното е храна за севкупната личност (и душа и тело), а другото е исто храна но малку посебно за умот. И двете се благодат. За правилно духовно растење и двете се потребни, а особено е потребно словото на почетокот од духовниот живот. Па, и така најпрвин го слушаме и го прифаќаме словото, а потоа се причестуваме, и историски и литургиски и лично и соборно. Во таа смисла и дијалогот врз основа на толкувањето е легитимен. Нелегитимни теолошки се антрополошкиот минимализам и дуализам, продукти на рационализмот и гледањето со 'после пак со овие очи'.

+++

Посети:{moshits}