Бејрут нова ѕвезда на блискиот исток



среда, 12 август 2020
Писмо до Антиохискиот Патријарх г. Јован

До Неговата Светост,
Патријархот на Големата Антиохија,
Сирија и Киликија, Иверија, Месопотамија и на целиот Исток,
господин Јован

 

Почитуван и возљубен во Господа блажењејши патријару Антиохијски и на целиот Исток  г. Јован, со голема тага и вознемиреност ја примивме тажната вест за несреќата што се случи во Бејрут. Нашето срце, но и срцата на верните луѓе и сите граѓани во нашата земја, особено се вознемирија и нажалија за многуте невини животи згаснати во страшната трагедија.

Ваша Светост, дозволете ми од свое име, од името на Светиот Синод на МПЦ-ОА, од свештенството, монаштвото и од верниот народ во нашата диецеза, да ја изразам нашата сострадалност, сочувство, и молитвена поткрепа на семејствата на починатите, повредените и на целиот страдален народ во Вашата Патријаршија.

Нашите молитви, и молитвите на верниот народ во нашата земја, се кон Христа Распнатиот и Воскреснатиот и Неговата Пресвета Мајка, за тие да ги упокојат душите на настраданите, да ги утешат ожалостените и да им дадат сила, здравје и крепок дух на преживеаните во несреќа што го најде Вашиот народ.

Драг Патријарху г. Јован, уште еднаш изразувајќи солидарност и сочувство, а знаејќи од Вашите зборови дека Вашата Света Црква и Вашата Светост „токму од крстот ја црпи секоја сила“ го молиме Распнатиот на Крстот, Нашиот Господ Исус Христос да Ви дарува трпение, сила и здравје во овие денови на страдање, правилно да раководите со кормилото на Вашата Црква – со Словото на Неговата Вистина.

 

 Архиепископ Охридски и Македонски Стефан

 

 Извор:

http://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/pismo-do-antiohiskiot-patrijarh-g-jovan/