3.angeli.so.truba

Скопје, 15ти мај 2020- храм на св.Петка, н. Црниче

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

 На 15ти мај 2020 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

Светите маченици Еспер, Зоја, Киријак и Теодул

Свети Атанасиј Велики, архиепископ Александриски

На денешен ден се празнува преносот на неговите мошти и чудата произлезени од нив. А животот и подвигот на овој светител се опишани под 18 јануари: Роден во Александрија 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Симболот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски. Во архиепископскиот чин остана над четириесет години, иако не беше цело време на архиепископскиот престол. Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Од царевите најмногу го гонеа: Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидиски со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници. Беше принуден да се крие од гонителите дури и во бунар, во гроб, по приватни куќи, по пустини. На двапати бегаше во Рим. Дури пред смртта едно време проживеа мирно како добар пастир сред своето стадо, коешто вистински го љубеше. Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како Св. Атанасиј. Но неговата голема душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и страшна борба. За совет, утеха и морална потпора често одеше кај Свети Антониј, кого го почитуваше како свој духовен отец. Човекот којшто ја формулираше најголемата вистина мораше и да пострада за таа вистина, додека Господ не го упокои во Своето Царство овој Свој верен раб, во 373 година.

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

Во четвртата  недела на Воскресение, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено  го прослави споменот на Светите маченици Еспер, Зоја, Киријак и Теодул, Свети Атанасиј Велики, архиепископ Александриски, протоереј Јован Ристовски отслужи Божествена Литургија во храмот на св. Петка, во скопската населба Црниче. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Вообичаено, секој петок во овој храм по Литургијата се прави мал петочен водосвет, а денес тоа го направи отец Јован Ристовски.

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
Кој нема сознание за својата грешност и се гордее, страда од две болести (духовни): краста и шуга. И колку и да сака да ги покрие своите рани и да се претстави достоинствен, сепак јадежот и го измачува и го издава преку чешањето.

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 Преминпортал (к.т.)

Друго:

Божествена Литургија во храмот на св. Петка, Скопје (28.12.2018)

Божествена Литургија во храмот на св.Петка, Скопје (07.09.2018)