Во прилог на подготовките за прославата на големиот јубилеј – 1000 години од основањето на Свештениот Бигорскиот Манастир, нашиот старец и игумен, Архимандрит Партениј, со дел од братството и сестринството, оствари средба со нашиот почитуван и монахољубив надлежен владика, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Во топла и срдечна атмосфера во митрополитското седиште во Охрид, нашиот Старец го запозна Митрополитот и побара благослов за предвидените активности, како и помош за подобра организација за што подостојно одбележување на оваа уникатна и мошне значајна годишнина. На состанокот беше постигната взаемна согласност за претстојните манифестации, а притоа беше договорен и конкретниот датум за главната прослава. Како најсоодветно решение беше избран 18 октомври, со тоа што се очекува официјална потврда на овој датум, на следната Синодска седница најавена за 6 февруари.

 

 

 

 https://bigorski.org.mk/vesti/nastani/rabotna-sredba-so-mitropolitot-g-timotej-okolu-iljadagodishninata-na-bigorski/