Sample Image

На 23. 01. 2020 година, во велешкиот театар „Јордан Хаџи-Константинов – Џинот“ беше  изведена монодрамата „Последната ноќ на Јустинијан Први“ од Јордан Плевнеш во изведба на актерот Петар Темелковски. На монодрамата присуствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во придружба на речиси целото свештенство на Повардарската епархија. Во најава на монодрамата пред присутните збор зема протоереј-ставрофор Горан Панзов, кој во своето слово го претстави житието на светиот цар Јустинијан и неговите заслуги за развојот на црквата и ширењето на христијанската вера.