Preosveshtenie1

18 Јануари 2020 г.
 Во храмот  Успение на Пресвета Богородица- Каменско
После отслужената света Литургија и причестувањето со светите Дарови
о. Димче Азески го изврши  чинот на големиот Богојавленски водосвет.


3.angeli.so.truba

Утрово, на чинот на големиот Богојавленски водосвет, испеавме еден прекрасен тропар, кој гласи: „Гласот Господов на водите вика, говорејќи: ’Пријдете, примете Го сите Духот на премудрост, Духот на разум, Духот на страв Божји, на Христа Кој се јави Гласот Господов на водите“ се слушна на Јордан, во облаците, во понорите земни и насекаде во вселената каде што постои вода. Господ „се јави да ги освети водите“.
Ги осветил некогаш гласот Господов водите на Јордан со Крштевањето на Синот Божји, но истиот тој глас ги осветува и денес сите води, по целата земја. Во духовна смисла, Бог зачекорува и во водите на нашите гревови и многубројни гревовни желби, што како брзи вруточни струи нѐ одвлекуваат далеку од Бога. Во текот на богослужението повеќе пати ќе слушнеме од пророштвата и песнопенијата како, кога Господ се крштеваше во Јордан, нејзините бездушни води се уплашија и се вратија назад. Подобно на ова, од гласот Господов, од присуството Христово, се плашат и се одвраќаат од нас нашите прегрешенија, страстите, нашите лоши помисли, и ние се очистуваме, се менува нашата природа, постануваме свети. Оти доаѓа Сесветиот и несветото исчезнува; доаѓа Светоста и со Себе сѐ осветува.

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

Дојдете да го празнуваме Светото Богојавление, духовно созерцавајќи го претстојното спасително собитие, кога нашиот смирен Господ ќе се потопи во водите Јордански и ќе ја приклони главата за од Својот слуга и Крстител, Светиот Јован, да прими крштение, навестувајќи го нашето очистување од гревовите. И во срцето бескрајно да се радуваме на оваа неизмерна милост Господова која ги одврза небесата, одврзувајќи ги сите сили на нашата природа за да Го примиме Бога Кој ни се открива и да се насладиме со Него.

Поука од Затворник Георгиј Задонски:
„Кога човек употребува просфора и света вода,од него нечистиот дух бега, душата и телото му се осветуваат,мислите му се возвишуваат за угодување на Бога и човекот станува склон кон добродетели“.

 3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 За Преминпортал: Дејан Блажески

Охрид,18ти јануари 2020