Еден од најголемите руски подвижници, проѕорливци и чудотворци. Роден е во 1759 година, а се престави во 1833 година. Се одликуваше со големо смирение. Кога сиот свет го славеше, самиот себеси се нарекуваше „кутриот Серафим“.

 

Ќелијано правило кое преподобниот Серафим им го задал на монахињите од Дивеевскиот манастир

Наоѓајќи дека правилото на саровските монаси, до кое со целосна строгост се држеа во општината на мајка Александра, е тешко и дека ги надминува силите, преподобниот Серафим на сестрите на "Млинското" Дивеевско сестринство им дал секојдневно правило, коему го предала Богородица.
Станувајќи од постела наутро треба (во ќелијата) да се прочитаат:
Достојно е навистина да те ублажуваме Богородице,секогаш блажена и пренепорочна и Мајка на нашиот Бог. Почесна од херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите, нетлено си го родила Бога Словото, тебе, која си Богородица, те величаме (Еднаш).
Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде Царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши како и ние што им ги проштеваме на нашите должници, и не воведувај не во искушение, но избави не од лукавиот (Три пати).
Богородице Дево, радуј се благодатна Марие, Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените и благословен е плодот на твојата утроба, зашто си Го родила Спасителот на нашите души (Три пати).
И символот на верата: Верувам во Едниот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и на земјата, на се видливо и невидливо;
И во Едниот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Отца пред сите векови; Светлина од Светлина; Бог вистински од Бога вистински роден, несоздаден, единосуштен на Отца, преку Кого се станало;
Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од небото и се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек;
И беше распнат заради нас во времето на Понтијскиот Пилат и страдаше и беше погребен;
И воскресна во третиот ден според Писмото;
И се вознесе на небото и седи оддесно на Отца;
И пак ќе дојде со слава да им суди на живите и на мртвите и Неговото царство не ќе има крај;
И во Светиот Дух, Господ, Кој живот твори, Кој излегува од Отца, на Кого се поклонуваме и Го славиме заедно со Отца и Сина и Кој говорел преку пророците;
Во една света, соборна и апостолска Црква;
Исповедувам едно крштение за простување на гревовите;
Го чекам воскресението на мртвите;
И животот во идниот век. Амин (Еднаш).
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилувај ме мене грешната (Два пати со половични поклони).
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилувај не нас грешните (Еднаш со половичен поклон).
Господи Исусе Христе, Сине Божји, со Госпоѓа Дева Марија Богородица, помилувај ме мене грешната (Два пати со половични поклони).
Господи Исусе Христе, Сине Божји, со Госпоѓа Дева Марија Богородица, помилувај не нас грешните (Еднаш со половичен поклон). И како заклучок на тоа правило, клечејќи:
Господи Исусе Христе, Боже наш, помилувај не нас грешните (Дванаесет пати со половични поклони).
Владичице моја, Пресвета Богородице, спаси не нас грешните (Дванаесет пати со половични поклони).
Потоа да се читаат утрените молитви.
Сето тоа треба да се прави по ќелиите. Сестрите што се трудат, сето тоа можат да го прочитаат и во одење, на работа.
До ручек, мислено (во себе) треба да се чита Исусовата молитва: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилувај ме мене грешната.
По трпезата до ноќта треба мислено да се чита: Владичице моја, Богородице, спаси не нас грешните.
Потоа вечерното правило во црквата.
Дванаесет одбрани Псалми.
Поменик.
Поуки.
Господи Исусе Христе, Боже наш, помилувај не нас грешните (100 пати со половични поклони).
Владичице моја, Богородице, спаси не нас грешните (100 пати со половични поклони).
Потоа спомнатото правило на братот.
Ноќта, пред легнување во постела, секоја во ќелијата нека Го прочита правилото на преподобниот Серафим и молитвите пред спиење.
Мајката Божја на преподобниот Серафим му наложила, читањето на акатистот да не биде задолжително, за да се избегне тежината и одвишниот грев на душата (доколку не се изврши читањето).

Радувајте се секогаш! Молете се постојано! Благодарете за се (1 Сол. 5,16-18)

  ЌЕЛИЈНО МОЛИТВЕНО ПРАВИЛО НА ПРЕПОДОБЕН СЕРАФИМ САРОВСКИ (2)

ЌЕЛИЈНО МОЛИТВЕНО ПРАВИЛО НА ПРЕПОДОБЕН СЕРАФИМ САРОВСКИ

 sv.S.sarovski.manastirot.jpg

 

 

Старец Сава Псковско-Печерски: Поука од св.Серафим Саровски  ...

Св.Серафим Саровски - МАЈКАТА БОЖЈА - РАНА НА ДЕМОНИТЕ ...

Св.Серафим Саровски - ИСКУШЕНИЈАТА И ИСПИТУВАЊАТА ВО ШУМСКАТА САМОТИЈА ...

Св.Серафим Саровски - ЦЕЛТА НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ЖИВОТ (3) ...

Св.Серафим Саровски - ЦЕЛТА НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ЖИВОТ (2) ...

Св.Серафим Саровски - ЦЕЛТА НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ЖИВОТ  ...

 

http://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D1%81%D0%B2.%D1%81%D0%B5%D1%80%D0%B0%D1%84%D0%B8%D0%BC%20%D0%A1%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8&ordering=newest&searchphrase=all