7.Vselenski.sobor

с.Матка,23ти декември 2019 лето Господово- манастир Успение на Пресвета Богородица

7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 По повод упокојувањето на сестрата наша во Христа, расофора Анастасија, денес 23.12.2019 во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Матка се отслужи Заупокоена Литургија и Погребение.                                                                                                                                                    

      Нека Семилостивиот Бог ја упокои нејзината душа таму каде што почиваат праведниците. Вечен нека и е споменот!

***

(Христос, вистинскиот Бог наш, Кој воскресна од мртвите и владее над живите и мртвите, по молитвите на Својата Пречиста Мајка, на преподобните и богоносни отци наши, и на сите свои светии, душата на починатиот Свој слуга да ја всели во населбите на праведниците, да ја упокои во лоното Авраамово и кон праведниците да ја присоедини, и нас да нѐ помилува – како добар и Човекољубец.)

 

7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

(Во Царството Твое спомни си за нас, Господи, кога ќе дојдеш во Царството Твое.
Некогаш Адам, откако вкуси од плодот од дрвото беше истеран од рајот, а разбојникот кој на крстот висеше, откако Те исповеда како Бог, влезе во рајот. И ние, спасените со Твоето страдање, Господи, угледувајќи се на разбојникот, со вера Ти повикуваме: спомни си за нас, кога ќе дојдеш во Царството Твое.

Стих: Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога.
Земајќи прав од земјата, Оној што ме создаде, го создаде телото мое со божествената волја, и вдахнувајќи душа во него со Својот живоносен здив, Он ја постави под света заповед. Мене, ужасно потчинетиот на гревовната распадливост, Ти, поради безмерното милосрдие, ме повика оттаму.  

Стих: Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји.
Ужасна и страшна тајна за сите, кога душата од телото се разлачува: душата тогаш заминува, а телото се предава на земјата и се погребува. Затоа и ние, дознавајќи за последното заминување, да поитаме кон Спасителот, повикувајќи со солзи: спомни си за нас, Господи, кога ќе дојдеш во Царството Твое.

Стих: Блажени се гонетите заради правда, зашто нивно е Царството Небесно.
Зошто толку страшно ме оплакувате, о луѓе? Зошто напразно се јадосувате? Претставениот на сите им објавува: смртта на сите им е покој. Да го слушнеме и гласот на Јона, кој вели: смртта е покој за човекот. Но упокој го, Боже, со Светиите оној што си го зел.
Стих: Блажени сте вие кога ќе ве срамат и гонат, и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови лажно – заради Мене.
Семудриот Павле јасно го претскажа претставувањето на сите, учејќи дека мртвите ќе станат нераспадливи, а ние ќе се измениме според Божјата заповед. Тогаш и онаа страшна труба ќе затруби, и ќе ги подигне од сонот сите кои од дамнина се упокоени. Но упокој го, Боже, со Светиите оној што си го зел.

Стих: Радувајте се и веселете се, зашто голема е наградата ваша на Небесата.
Претставениот, и во гробот лежејќи мртов, спокоен, на сите им довикува: дојдете земнородни кон мене, погледнете ја телесната убавина како потемнела. Затоа, браќа, познавајќи го крајот по неа, да поитаме кон Спасителот, со солзи повикувајќи: упокој го, Боже, со Светиите оној што си го зел.

Богородичен: Натприродно, Владичице, во Твојата утроба си Го зачнала бессемено Предвечниот Бог, и во тело си Го родила Него – Бог и Човек, непроменливо и неслиено. Затоа и ние, знаејќи Те секогаш за Богородица, со вера повикуваме кон Бог, Кој од Тебе се роди: спомни си за нас во Царството Твое.)

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 Преминпортал (к.т./Сестринство на манастирот)

 

 Друго:

Од архивата на Преминпортал:

1. Матка 2009 г.

7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 П.П. 2019 г.