7.Vselenski.sobor

 ДВАЕСЕТ И СЕДМА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕЕТНИЦА
Лк. 85 (17,11-19)

7.Vselenski.sobor

Во името на Отецот Синот и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри, кога ќе забележиме дека некој е заболен од некоја заразна болест, вообичаено кај нас се појавува страв, но и молитвена желба што поскоро да се излекува болниот.

7.Vselenski.sobor


Понекогаш, оптоварени од сопствените проблеми, или световните грижи и не забележуваме ништо околу себе. Да бидеме искрени, ние своето внимание го насочуваме, првенствено кон себе а потоа кон оетанатите.. Токму затоа нашиот Спасител Господ Исус Христос ја поставил како голема и надежна заповедта: „Сакај ги своите ближни како самиот себе си“! Со тоа Тој ни наложува да не забораваме на проблемите и од нашите блиски. Значи, должни сме да земеме активно учество во разрешувањето и на нивните проблеми. Преку тој напор, нашата жртва мотивирана од љубовта, и желбата да помогнеме некому, ќе ни донесе неизмерна благодат од Бога. Со која благодат добиваме поткрепа, но и лична заштита при извршувањето на задачите што ни се дадени од Бога .
Сите знаеме дека треба да ја извршуваме Божјата волја, која наложува да живееме со себе, со Бога, и со ближните во евангелска љубов, евангелска правда, и во евангелска чистота. Значи, сосздадени сме да живееме во заедница, за што Бог ни дава можност слободно да одлучуваме, бидејќи имаме слободна волја, да избираме да му служиме на Бога, или пак да му служиме на злото.
Многу често ние се определуваме свесно, или несвесно за второто служење. Низ таквото служење страдаме и доживуваме несреќи и болести, преку кои ја допираме смртта.
За служењето на Бога, вообичаено се определуваат мал број на луѓе, од причина што треба да го носат „крстот Христов“, кој е тежок и е оптоварен со разни страдални искушенија, кои што силно го напаѓаат самиот човек поради неговото служење на Бога.

7.Vselenski.sobor


Зошпто тоа е така, благочестиви?
Спасителот на светот не дојде на земјатаа да го измири доброто со злото, туку низ сопствениот Негов живот, и правењето чуда, да ја покаже моќта на доброто, и немоќта на злото; отворајќи ни ги портите на спасението, и секој што ќе поверува и ќе се крсти да добие живот вечен.
Денес прочитаниов евангелски настан, преполн е со поуки за секој еден од нас, кои што сакаме нашиот овоземен живот, но, и во оној вечниот да го поминеме во заедница со Бога, неговите ангели и останатите Божји угодници.
Спасителот наш Господ Исус Христос, во една сабота го поучувал народот во една синагога. Во еден миг се загледал во народот и забележал една згрчена жена, која била опфатена од демонот на немоќта, и така живеела полни осумнаесет години. Исус ја повикал и ѝ рекол: „жено ослободи се од својата немоќ“! Ставил рака врз нејзината глава, и таа во истиот момент се исправила, и започнала да го прославува Бога!
Еве, благочестиви, жив пример колку е голема Божјата милост и какви резултати дава вистинската вера. Затоа, овие поуки да ги пренесеме во нашите животи, и да постапуваме онака како што постапија Христос и исцелената жена од Евангелието. Христос не се двоумеше а жената пак го прослави Бога.
Да им помогнеме на лугето во нивните неволи и тоа веднаш, без многу размислување. Онака како што Христос постапи. И нивните неволи да ги прифатиме како наши, и да Му благодариме на Бога што преку нас им испраќа помош на оние што имаат потреба.
Да не постапуваме онака како што постапи старешината на синагогата, кој место да Му благодари на Бога што несреќната жена после осумнаесет години доби исцеление, започнал да негодува и да ги бунтува луѓето, што „Исус ја излечил во саботен ден“, прикажувајќи се како заштитник на Законот. Но, во суштината на неговата реакција воопшто не била грижата за Законот туку, неговото самољубие кое не му дозволило да го види она што не може да се сокрие! Едноставно, „Вистината“ не можела да допре до неговото закоравено срце зафатено од фарисејското исполнување на Божјиот закон.

7.Vselenski.sobor


Благочестиви!

Лажното пријателство, лажната побожност, лажното добродетелство, лажните сведоштва се зли дела, кои на Господа не му се мили, а пак, фарисеите биле најмногу познати токму по својата дволичност, и оттаму дволичноста, според нив, се нарекува и фарисејство, иако самата дволичност никогаш не е еднострана појава, туку претставува целокупен сплет на гревови.

Драги браќа и сестри, и ние, честопати се наоѓаме во слични ситуации, во каква што се беше нашол старешината на синагогата. И ние, не сакајќи да им се спротивставиме на некои наши користољубиви искушенија, чиниме неправди, одејќи по патот на невистината и застанувајќи во заштита на неправдата. А тоа, благочестиви, е катастрофално погубно за секој човек. Треба да бидеме искрени, тешко ни е да се одречеме од нешто што ни донесува краткотрајна полза, а ја отфрламе  Божјата правда и чиниме неправда. Забораваме дека Божјата правда не може да се одбегне. Тука нема избор. Секој ќе одговара и ќе треба да положи сметка за извршеното недело.

Драги браќа и сестри!

Самите избираме по кој пат ќе одиме во животот.

Ке одиме ли по патот кој ни го одредил Бог, или ќе го прифатиме патот кој ни го нуди ѓаволот.

Ќе одиме ли по патот на скромноста, понизноста и смирението, или ќе одиме по патот на лицемерието, гордоста и омразата.

Ако тргнеме по Божјиот пат, живеејќи на земјата скромно, во послушание и смирение, ќе се издигнеме до небесните и рајски височини и ќе ја достигнеме вистинската цел во животот - влезот во вечниот мир и блаженство.
Ако, пак, тргнеме по патот на ѓаволот, по патот на лицемерието, гордоста и човечката суета, ќе стигнеме до пеколните бездни, од кои никогаш повеќе нема да излеземе.

Секој од нас е способен да размисли по кој пат ќе тргне, за да може да ги понесе и последиците од својот избор. Никогаш да не заборавиме дека нашиот Спасител бил искрен во се, и дека ги осудил лицемерите како неспособни да љубат, а според тоа, неспособни да направат никакво добро дело. Потребно е да направиме напори сега и во ова време за обнова на сопствената личност и духовната сила, па така обновени да ги наполниме своите срца со нелицемерна љубов и истата изобилно да ја изливаме на сите оние, на кои им е потребна. Амин!

 

 7.Vselenski.sobor

 Скопје,22ри декември 2019 лето Господово

Храм на св. Јован Крстител (н. Капиштец)

 

 

 

 

 

 

 

Божествена Литургија во храмот на св.Јован Крстител, н.Кaпиштец,Скопје (22.12.2019)

Славчо Костадиновски: ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА (16.07.2017) ...

Божествена Литургија во храмот на св.Јован Крстител, н.Капиштец,Скопје (26.05.2019)