Архиерејска Божествена Литургија во соборниот храм „Свети Климент Охридски“, Скопје (08.12.2019 08:39)

Денес, на празникот на свети Климент Охридски, заштитникот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, во соборниот храм посветен на свети Климент Охридски, во Скопје, Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф и викарниот Епископ Стобиски г. Јаков, отслужи Архиерејска Божествена Литургија, во присуство на многуброен верен народ, меѓу кои и претставници на државни институции.  

 

 http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=7182