7.Vselenski.sobor

 Скопје, 26ти октомври 2019 г.- храм на св. пророк Илија

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 Во осумнаесетатата недела по Педесетница, кога Светата Црква молитвено  го празнува споменот на светата великомаченичка Злата Мегленска, во храмот на св.пророк Илија, во скопската населба Аеродром, свешеникот Диме Малинов во сослужение на  ѓаконот Александар Брајановски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Во денешната беседата отецот говореше за житието на светата великомаченичка Злата Мегленска:

Родена е во селото Слатина, во Мегленската област, од сиромашни селски родители, коишто имаа уште три ќерки. Света Злата беше кротка и побожна девојка, мудра со Христовата мудрост и златна не само по име туку и по богобојазливото срце. Еднаш кога излезе по вода, ја фатија некои бесрамни Турци и ја одвлекоа во својата куќа. Кога еден од нив ѝ нудеше да се потурчи и да му биде жена, таа храбро му одговори: „Јас во Христа верувам, само за Него знам и Он ми е Женик. Од Него нема да се откажам никогаш, макар и на илјада маки да ме ставите и на парчиња да ме исечете.“ Тогаш дојдоа нејзините родители и ѝ рекоа: „Смилувај се на себе и на нас, откажи се привидно од Христа и ќе бидеш среќна и ти и ние, а Господ е милостив, ќе ти прости за гревот ако го правиш по цена на животот.“ И плачеа горко родителите, сестрите и роднините. Но витешката душа на Св. Злата не даде да биде победена од ѓаволските стапици. На своите родители им одговори: „Штом ми советувате да се одречам од Христа Кој е вистински Бог, не сте ми повеќе родители ни сестри; татко ми е Господ Исус Христос, мајка Богородица, а браќа и сестри - светителите и светителките.“ Тогаш Турците ја фрлија во затвор, каде што лежеше три месеци и секој ден ја биеја додека нејзината крв не ја натопи земјата. Најпосле ја обесија главечки и ја подложија на оган за да се загуши од чадот. Но Господ беше со неа и ѝ даваше сила во страдањето. На крајот ја обесија на дрво и целата ја исекоа на парчиња. Така оваа мажествена девица Му го предаде својот дух на Бога и се пресели во рајските живеалишта, во 1796 година. Парчиња од нејзините мошти христијаните разнесоа за благослов по своите домови.

 

 

 

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor   

 7.Vselenski.sobor

Нeма ништo пoбeднo oд чoвeк кoј вo часoт на бeдата ќe гo напушти надeжта вo Бoга и прибeгнува кoн срeдства за спасувањe спрoтивни на закoнoт Бoжји. Таквиoт чoвeк нe самo штo нe успeва да сe спаси и да ја пoправи свoјата надвoрeшна пoлoжба, туку уштe ја губи и душата.

Такoв бил случајoт сo царoт Михаил Палeoлoг. За да гo спаси свoeтo царствo загрoзeнo oд Бугаритe и oд Србитe, тoј пoбарал пoмoш oд папата и сe сoгласил на унија. Штo пoстигнал сo тoа?

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 Преминпортал (к.т.)

 

Друго: